Икер или УкерLeciejewicz, p. 58( или ) — река во североисточните германски покраини Бранденбург, каде е позната и како Укер, и Мекленбург-Западна Померанија. Нејзиниот извор се наоѓа во округот Укермарк, близу селото Алт-Темен. Тече северно низ Оберукерското, Моленското и Унтерукерското Езеро, каде се наоѓа стариот град Пренцлау. Близу малото село Ниден (на граница помеѓу Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија), Укер го менува името во Икер. Продолжува северно низ градовите Пазевалк и Торгелов и поминува низ општината Егесин. Тука се влева реката Рандов. Во Икерминде, Икер се влева во Шчеќинскиот Залив, кој е поврзан со Балтичкото Море низ трите премини Пене, Швина и Ѓивна.

Името „Икер“ потекнува од полапскиот збор vikru/vikrus, кој означува „брз“.Heinrich, p. 382 Икер го дели своето име со историската област Укермарк, округот Укермарк и поранешниот округ Икер-Рандов.

Наводи

Категорија:Реки во Бранденбург Категорија:Реки во Мекленбург-Западна Померанија