Фобетор („страв“), (Икел или Икелос) во старогрчката митологија, е еден од Онеирите, персонификација на кошмарните соништата.
Според Хесиод,Хесиод, Теогонија, 212 Фобетор е син на Никта, божицата на ноќта која го родила сама, по пат на партеногенеза, додека според Цицерон,Цицерон, De Natura Deorum 3.17. татко е Ереб, богот на темнината.
Фобетор има способност да се појавува во светот на смртниците под маската на разни животни и да ја промени нивната форма за да комуницира со нив откако ќе се разбудат. Тој е персонификација на кошмарите и во соништата се појавува во форма на животни и чудовишта.
Меѓу боговите, тој е познат под вистинското име Икел („привид“). Заедно со своите браќа, тој престојува во земјата на соништата, дел од подземјето.
Наводи
Категорија:Старогрчки богови Категорија:Старогрчка митологија