мини|десно|Родната куќа на Петрарка во Арецо Франческо Петрарка (; - ) — најголемиот лиричар во предренесансата на италијанската книжевност и еден од првите хуманисти. Тој е првиот вистински лиричар во европската книжевност, поет-индивидуалист, свртен кон сопственото лирско „Јас“ во поезијата, исполнет со вербата дека славата природно му припаѓа.Poetika humanizma i renesanse, Prosveta, Beograd, 1963, стр. 153 - 161
Животопис Петрарка е роден во тосканскиот град Арецо во 1304 година. Тој бил син на Сер Петрако и неговата сопруга Елета Канџани од Лука. Поради припадноста кон политичката струја на Белите гвелфи, татко му на Петрарка, исто како и Данте Алигиери, бил прогонет од Фиренца. Подоцна, Петрарка го зел татковото име како свое презиме, приспособувајќи го според законите на еуфонијата и според класичните принципи.Srđan Musić, „Frančesko Petrarka“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 122.Морис Бишоп, „Петрарка“, во: Италијанската ренесанса. New York: American Heritage Publishing, 1961, стр. 161-175; ISBN 0-618-12738-0
Петрарка детството го поминал во селото Инчиза, во близина на Фиренца. Петрарка го следел својот татко во преселбата во Пиза, а потоа и во Авињон, каде што папата Климент V во 1309 година го започнал своето папство. Првиот учител му бил Конвеневоле да Прато, а потоа студирал право на Универзитетот во Монпелје (1316-1320) и Болоња (1320-1323) со својот доживотен пријател и соученик Гвидо Сете. Но, Петрарка бил заинтересиран за пишување и за латинската книжевност и ги сметал овие седум години залудно потрошени. Освен тоа, тој изјавил дека преку законска манипулација неговите старатели го ограбиле неговото мало наследство во Фиренца, која само ја зајакнала неговата одбојност кон правниот систем. Тој рекол: „Јас не можам да се помирам со комерцијализација на мојот ум“, гледајќи го правниот систем како уметност на продажба на правдата.
По смртта на родителите, Петрарка и неговиот брат Џерардо се вратиле во Авињон во 1326 година, каде работел во бројни свештенички канцеларии на папскиот двор. Набргу, семејните незгоди го натерале Петрарка да го напушти Авињон и да му се придружи на кардиналот Џовани Колоне во Гаскоња.Морис Бишоп, „Петрарка“, во: Италијанската ренесанса. New York: American Heritage Publishing, 1961, стр. 164; ISBN 0-618-12738-0„Beleške“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 112.Srđan Musić, „Frančesko Petrarka“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 123. Од писмата што му ги испраќал на еден свештеник во Париз може да се согледа сека во овој период, тој многу ги читал делата на св. Августин.Ivo Andrić, „Legenda o Lauri i Petrarki“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 8. Петрарка патувал многу низ Европа (Фландрија, Германија, Шпанија, Мароко, Англија), и тоа само од задоволство, па затоа е наречен „прв турист“.„Петрарка, Франческо“, во: NSA Семејна енциклопедија, Том 11. Standard Education Corp., 1992, стр. 240. Од истата причина, тој се искачил и на алпскиот врв Монт Ванту (во јужна Франција). Во летото 1333 година, Петрарка поминал низ шумите на Ардените, патувајќи од Келн во Лион.„Beleške“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 118. Во периодот од 1337 до 1349 година Петрарка живеел во малото планинско место Воклиз (Vaucluse, Valle chiusa), оддалечено 30 километри од Авињон,Ivo Andrić, „Legenda o Lauri i Petrarki“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 5. поминувајќи го времето во размислување и пишување. Во 1347 година, кога Кола ди Рјенцо се прогласил за римски трибун, Петрарка го поздравил како обновувач на старата римска република и тргнал да му се придружи, но по пропаста на обидот нади Рјенцо, тој го променил патот и најпрвин заминал во Верона, а потоа и во Парма. Во 1349 година, тој се населил во Италија при што живеел во Падова, во Милано (кај семејството Висконти), во Венеција (каде што републиката му поклонила палата). Како амбасадор на Висконти, Петрарка патувал во Прага кај царот Карло IV и во Париз кај кралот Јован Добриот. Истовремено, тој се спријателил со Бокачо.
За време на патувањата, Петрарка собирал стари ракописи и бил првиот што го започнал обновувањето на знаењето од Стариот Рим и Грција. Така, во 1345 година, Петрарка пронашол збирка писма од Цицерон за кои претходно не се знаело дека постојат. Презирајќи го игнонирирањето на она што се случувало во Раниот среден век, во кој верувал дека и самиот живее, тој го создал изразот мрачен век.
Криерата во католичката црква не му дозволила да се ожени, но се верува дека тој бил татко на две деца, со непозната жена или жени. Неговиот син, Џовани, се родил во 1337 година, а ќерката, Франческа, е родена 1343 година, а двајцата подоцна ги потврдил како свои деца.Морис Бишоп, „Петрарка“, во: Италијанската ренесанса. New York: American Heritage Publishing, 1961, стр. 165; ISBN 0-618-12738-0 Самиот Петрарка за себе вели дека се откажал од жените на четириесетгодишна возраст и тоа го сметал за највисока среќа, благодарејќи му на бога што го ослободил од тоа ниско ропство за кое вели дека отсекогаш го згрозувало.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 233. Според биографот на Петрарка, Арналдо Форести, во 189. сонет во „Канцониерот“ се опишува љубовната страст на Петрарка од која се родила ќерката Франческа. Синот Џовани починал од епидемија на чума во 1361 година. Франческа, пак, се омажила за Франкескуло де Бросано (кој подоцна бил именуван за извршител на тестаментот на Петрарка). Набрзо по раѓањето на внуката Елета (крестена по мајката на Петрарка) во 1362 година, тие се преселиле кај Петрарка во Венеција за да избегаат од чумата која тогаш пустошела во делови на Европа. Второто внуче, Франческо, се родило во 1366 година, но починало пред својот втор роденден. Франческа и нејзиното семејство живееле со Петрарка во Венеција пет години 1362-1367, во Палацо Молина, иако Петрарка продолжил да патува за тоа време. Помеѓу 1361 и 1369 година, помладиот Бокачо двапати го посетил Петрарка, еднаш во Венеција, вториот пат во Падова. Во 1368 година, Петрарка и неговата ќерка Франческа (со своето семејство) се преселиле во малиот град Арква (денес Арква Петрарка), во близина на Падова, каде ги поминал последните години од својот живот. Починал на 19 јули 1374 година, од апоплексија, во местото Арква, еден ден пред својот седумдесетти роденден. Денес, куќата е претворена во музеј со постојана изложба на делата и биографијата на Петрарка.
Творештво мини|десно|исправено|Оригинален ракопис од Петрарка, пронајден во 1985 г. во Ерфурт, Германија Петрарка пишувал како Данте, на латински и на народен јазик. Како извонреден познавач на латинскиот јазик и како стилист кој умеел во него блескаво да се снајде, сметал дека со слава ќе се здобие токму со творбите на латински јазик. Меѓутоа, се случило спротивното. На латински јазик објавил 43 книги епистоли (писма), од кои 24 се Пријателски, 17 Старечки (тука спаѓа и писмото До потомството), збирката Ненасловени писма, Различни писма (зачувани со грижата на оние кои ги добивале - од нив помалку се реконструира биографијата на поетот, а повеќе неговиот чувствен живот што е многу важен за разбирањето на неговата лирика на народен јазик). Петрарка го напишал на латински и епот Африка, како и делата: De vita solitaria, De ocio religiosorum, Bucolicum carmen, De remediis utriusque fortunae, Rerum memorandarum, De comptemptu mundi итн.Srđan Musić, „Frančesko Petrarka“, во: Frančesko Petrarka, Soneti i kancone. Beograd: Rad, 1964, стр. 125. Единствените дела напишани на народен јазик се покусиот еп Триумф (Trionfi) (во дантеовски терцини, во кој ја користел средновековната шема на визијата) и Канцониерот.
Со својот прв обемен еп, „Африка“, напишан на латински јазик и посветен на римскиот генерал Скипио Африканецот, тој станал славен. Во 1340 година, Петрарка бил поканет од владетелот на Неапол, од римскиот сенат и од парискиот универзитет да му биде доделен ловоров венец. На Велигден, 8 април 1341 година, во Рим, писателот и сенаторот Орсо дел Агнвилара (Orso dell' Anguillara) го крунисал Петрарка со ловоровиот венец. Тој е првиот поет - лауреат по антиката што е крунисан со ловоров венец на Капитол. Стариот италијански писател Моналдески пишува дека целиот Рим бил украсен со гирланди и знамиња, а од своите балкони, римските жени му фрлале на Петрарка цвеќиња и го полевале со мириси. на чело на поворката биле 12 млади римски благородници, облечени во пурпур, кои ги рецитирале неговите стихови. По нив оделе шест постари благородници од најпознатите римски патрициски куќи: Савели, Ронти, Орсини, Анибали, Лапорезе и Монтанари, а секој од нив носел по еден венец, сплетен од различно цвеќе. На крајот на поворката одел римскиот сенатор дел Ангвилара, опкружен со коњаници и со многу луѓе, кој се качил на Капитол, седнал на свечениот стол, го симнал од себе ловоровиот венец и го ставил на главата на Петрарка, со зборовите: „Нека талентот биде крунисан со ловор“. Свеченоста завршила така што Петрарка изрецитирал еден свој сонет во чест на Рим, а потоа им се заблагодарил на сенаторите и на народот. Воопшто, за славата на Петрарка сведочи тоа што голем број италијански владетели (Медичи, Сфорца, Малатеста, Гонзага, Колона) се натпреварувале меѓу себе со цел да го привлечат поетот да живее во нивниот град, а Роберто, владетелот на Неапол и крал на Сицилија и на Ерусалим, бил најголемиот обожавател на Петрарка. За време на една прослава во Венеција, одржана на плоштадот Св. Марко, дуждот Челсо го поставил Петрарка десно од себе, а Галеацо Дандоло го поканил Петрарка на свадбата на својата ќерка за синот на англискиот крал.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 311-312.
Во поезијата на Петрарка се забележуваат постојани мотиви што се повторуваат: убавината на Лаура, емоционалното доживување на природата, сеќавањето на средбите, безнадежни соништа за возвраќање на љубовта и сл. Во поезијата на Петрарка може да се согледа еден поинаков судир на средновековниот и предренесансниот начин на мислење. Она што кај Данте значи судир на догматското и на слободното мислење што е типично за идната ренесанса, кај Петрарка може да се нарече „судир на чувствувањата“. Очигледно е дека во својот Канцониер тој се наоѓа меѓу потребата слободно да ги изрази сопствените чувства и идејата за чистотата што ја прокламира средновековниот морал. Токму затоа во неговата поезија имаме толку повторувања на мотивите, бидејќи вознемиреноста, борбата на совеста и љубовниот, еротскиот копнеж ја раздвојуваат личноста, па и делото станува така возбудено во разнебитеноста на својот лирски субјект.
Лаура и поезијата мини|десно|Лаура де Новес