мини|десно|Сливот на Нева мини|десно|„Александар Невски ги совладува Швеѓаните“ (Б. Чориков) мини|десно|250п|Поглед на Зимскиот дворец од Нева Нева () — значајна река во северозападна Русија што тече од езерото Ладога низ западниот дел на Ленинградската област (историската област Ингрија), па сè до Невскиот Залив во рамките на поголемиот Фински Залив. И покрај скромната должина (74 км), Нева е трета река во Европа по полноводност (по Волга и Дунав).
Ова е единствената река со извор во езерото Ладога. Тече низ градот Санкт Петербург, трите помали града Шлиселбург, Кировск и Отрадное и поголем број на села. Пловна е по целото течение и сочинува дел од Волго-балтичкиот и Беломорско-балтичкиот канал. Во поречието се случиле бројни историски настани, меѓу кои и Невската битка во 1240 г. (во чија чест кнезот бил наречен Александар „Невски“), основањето на градот Санкт Петербург (1703) и Опсадата на Ленинград (1941-1944).
Потекло на поимот Постојат барем три можни потекла на името на реката: старофинскиот назив за Ладога ( = „море“), од (скратено од = „мочуриште“) или од = „нова река“.Toponymic Encyclopedia of Saint Petersburg. St. Petersburg.: Informational and publishing agency LIC, 2002.
Опис
Топографија и хидрографија
Нева истекува од езерото Ладога кај Шлиселбург, па тече по Невската Низина и се влева во Финскиот Залив во Балтикот. Долга е 74 км, а бреговите и се ниски но стремни, со просек од 3–6 и 2–3 м при устието. Има три остри свијока: Ивановските Слапови кај Невскиот шумски парк, во регионот Уст-Славјанка и близу Смолниот институт, под устието на реката Охта.St. Petersburg: Encyclopedia. – Moscow: Russian Political Encyclopedia. 2006 ISBN 5-8110-0107-X Просечниот наклон на коритото изнесува 4,27 м. Во едно место, реката минува преку моренски срт и ги образува Ивановските Слапови, при што тука коритото е најтесно (210 м). Просечниот истек во слаповите изнесува 0,8–1,1 м/с. Просечната ширина на реката е 400–600 м, а најшироките места (1000–1250 м) се во делтата, кај пристаништето, на крајот од Ивановските Слапови близу утоката на Тосна и кај Фабричкиот Остров недалеку од изворот. Реката е просечно длабока 8–11 м, а максималната длабочина изнесува 24 м, кај Леарскиот мост („Литејни“). Најплитко место (4,0–4,5 м) се Ивановските Слапови.
Слив, притоки и растоки
Сливот на Нева зафаќа површина од 5.000 км2, вбројувајќи ги и барите кај Ладога и Онега (281.000 км2). Во сливното подрачје има 26.300 езера и сложена хидролошка мрежа од преку 48.300 реки, од кои само 26 се влеваат непосредно во Нева. Главни притоки се Мга, Тосна, Ижора, Славјанка и Мурзинка од лево, и Охта и Чернаја од десно.
Хидролошката мрежа е мошне видоизменета низ историјата со развојот на градот Санкт Петербург. Во моментот на основањето (1703) подрачјето било ниско и мочурливо, поради што се ископани канали и езерца за да се исцеди водата. Некои од каналите со време се покриени, за во 1973 г. да останат само 42 острови, сите во рамките на градот. Најголеми се Василевскиот (1.050 ха), Петроградскиот (570 ха), Крестовскиот (420 ха) и Декабристичкиот (410 ха), по што следат Зајачкиот, Јелагиниот и Камениот Остров.Историко-географический атлас «Ленинград». Москва, 1977 Кај изворот се наоѓаат два помали острова: Ореховиот и Фабричкиот. Над Отрадное се наоѓа и островот Главриба.
Историја Пред 1700 г.
На подрачјето на Невскиот слив се пронајдени доста археолошки наоди, од кои најстарите сведочат за активностите на населението пред 9000 години. Се смета дека местото е населено во XII милениум п.н.е. од угрофински народи (Воти и Ижори), кои дошле од Урал.Sharymov, Alexander History of St. Petersburg. 1703. Book studies. Journal Neva, 2004 ISBN 5-87516-044-6
Во VIII и IX век на местото се доселиле Источните Словени што се занимавале со сечно-пожарно земјоделство, лов и риболов. Од VIII до XIII век, Нева претставувала воден пад од Скандинавија до Византија. Во IX век, подрачјето било дел од кнежевството Велики Новгород.Ezhov, V. A. (1986) Ленинградская область: исторический очерк. Лениздат. Нева се споменува веќе во „Житието на Александар Невски“ (XIII век).Електронско издание на Институтот за руска книжевност (Пушкинов дом) . Lib.pushkinskijdom.ru. Во овој период Велики Новгород бил во постојани воени судири со Шведска. Во јули 1240 г. се одиграла значајна битка кај вливот на Ижора во Нева, под водство на дваесетгодишниот кнез Александар Јарославич. Младиот кнез ја спречил шведската инвазија, истакнувајќи се како смел и самопрегорен борец, поради што ја добил почесната титула „Невски“.
Како последица од поразот на Русија во Руско-шведската војна (1610–1617) и Столбовскиот мировен договор, поречието на Нева влегло во состав на Шведски Ингерманланд. Од 1642, нејзина престолнина бил градот Њен, близу тврдината Њеншанц. Православното население се иселило од ова подрачје поради тешките даноци и верската нетрпеливост, при што до 1620 г. се испразниле цели 60% од селата. Во напуштените места се доселиле дојденци од Карелскиот Провлак и Савонија.В «ПЛЕНУ» У ШВЕДОВ. Sablino.ru.
Со Големата северна војна (1700–1721), долината на Нева влегла во Руското царство. На 16 мај 1703, на устието на Нева е основан градот Санкт Петербург, кој по девет години станал престолнина на руската држава. Бидејќи минувала низ центарот на градот, властите го уредиле коритото и направиле канали и кејови. На почетокот 1760-тите е започната изградбата на камени мостови на Нева и нејзините притоки.
Секоја зима од 1895 до 1910 г., на мразот на Нева се поставале шини, по кои сообраќал електричен трамвај што ги поврзувал Сенатскиот плоштад, Василевскиот Остров, Дворцовиот кеј и други делови од градот..
Стопанско значење мини|десно|Сообраќај по Нева гледан од Дворцовиот мост Нева има многу малку плитки места и стрмни брегови, што ја прави погодна за речен сообраќај. Реката е дел од Волго-балтичкиот и Беломорско-балтичкиот канал, но има релативно ограничена проодност поради длабочината и бројните мостови. Затоа, по неа се движат пловила од размер под 5.000 тони. Највеќе се пренесува дрвена граѓа од Архангелск и Волгода; апатит, гранит и долерит од Колскиот Полуостров; лиено железо и челик од Череповец; јаглен од Донецк и Кузнецк; пирит од Урал; калиум хлорид од Соликамск и нафта од Приволжјето. По реката сообраќаат и разни патнички пловила за Москва, Астрахањ, Ростов, Перм, Нижни Новгород, Валам и други градови.Russian river fleet and tourism INFOFLOT.RU . Map.infoflot.ru. Пловна е од април до ноември.Водный транспорт. www.st-petersburg.ru
Западно од Шлиселбург, под реката се поставени цевки на Балтичкиот нафтовод, кој носи гориво од Тиман-Печора, западен Сибир, Урал, Казахстан и Приморск во Финскиот Залив. Долг е 774 метри и лежи 7–9 м под коритото. Пренесува 42 милиони тони нафта годишно.Транснефт го заврши тунелот под Нева — „Вслух“, 25 август 2008
Недалеку од Ладошкиот мост поминува подводниот тунел во кој се сместени цевки на гасоводот Северен Тек. Има пречник од 2 м, и долг е 750 метри, при максимална длабочина од 25 м.Под Невой проложен тоннель для "Северного потока". energospace.ru (2009-07-22).
Реката нева е главен извор (96%) за водоснабдување на Санкт Петербург и приградските подрачја. Водите се користат и за стопански и спортски риболов.
Мостови мини|десно|Големиот обуховски мост мини|десно|Благовештенскиот мост Ленинградска област Ладошки мост Кузмински железнички мост Санкт Петербург Голем обуховски мост Володарски мост Фински железнички мост „Александар Невски“ Болштеохтински мост (порано: „Петар Велики“) Леарски мост (или „Литејни“, мост „Александар II“) Троички мост (порано: Кировски мост) Дворцов мост Благовештенски мост (порано: Мост „Поручник Шмит“) Новоадмиралтејски мост (најнов)
Нева како тема во уметноста и во популарната култура Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Нева, како на пример: „Нева“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 102-106.
Поврзано Зимски дворец Невски Залив Петропавловска тврдина Ленинградска област
Наводи
Надворешни врски
Река Нева
Категорија:Реки во Русија Категорија:Реки во Санкт Петербург Категорија:Географија на Санкт Петербург Категорија:Санкт Петербург Категорија:Ленинградска област Категорија:Ингрија Категорија:Реки во Ленинградската област