150px|мини|десно Костадин Алакушев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2

Животопис Алакушев е роден во неврокопско село Трлис, тогаш во Османлиското Царство, денес Ватитопос, Грција. Завршува во Солунската и бил учител во различни села во Неврокопско и Серско. Станува член на ВМОРО и учествува во Илинденското востание во четата на војводата Атанас Тешовалијата. Во 1907 година бил избран за член на Околискиот комитет на ВМОРО во Неврокоп. Во 1909 година е во одредот на Јане Сандански, кој зема учество во походот кон Цариград. Во 1909 година учествува во создавањето на првата македонска политичка партија - Народната федеративна партија во Неврокоп. Во 1908 година Алакушев е меѓу основачите на Друштвото на основните наставниците во Неврокопско, од 1911 е во бирото на друштвото, а во 1912 година е делегат на V конгрес на Сојузот на главните наставниците во Турција.

Во 1912 година Алакушев заедно со Стојко Пашкулев и Благој Матеров е киднапиран и убиен во близина на селото Фотовишта од Михаил Скендеров и В. Зајков.Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 15.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.Пелтеков, Александър Г. Революционни дейци от Македония и Одринско, Орбел, 2011, стр. 11, ISBN 9789544961022 Починал на 28 август (стар стил) 1912 година, во селото Марчево, Неврокопско.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Починати во 1912 година Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Трлис