Драган Спасов-Дац (роден на во ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис

Роден е во Скопје.Драган Спасов - www.dramskiteatar.com.mk Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Слободан Унковски. Од 1992 до 2016 г. работел како глумец во Драмски театар - Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Во 2016 г. преминал во ансамблот на Македонскиот народен театар како директор. Во 2018 година повторно се враќа во Драмски театар - Скопје.

Дац во 2019 година, ја започнува својата музичка кариера, формирајќи го дуото "Дац и Александар" со Александар Митески.

Филмографија

Година Филм Улога 1985 Бушава азбука ТВ-серија 1987 Случки од животот ТВ-серија 1987 Трето доба ТВ-серија 1987 За трошка среќа ТВ-филм Данчо 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм 1991 Македонија може ТВ-серија Кирца 1992 Време живот ТВ-филм 1993 Крик на немиот индијанец ТВ-филм Оливер 1993 Грев или шприцер ТВ-филм Тони Џанго 1998 Салон Хармони ТВ-серија Здравко 1999 Хихирику ТВ-серија 2000 Северо, источно од југозапад ТВ-филм 2002 Наше маало ТВ-серија Доктор 2003 Време за плачење ТВ-филм Тино 2004 Хихирику ТВ-серија 2005 Обични луѓе ТВ-серија Ванчо 2007 Цимери ТВ-серија 2009 Тркало на среќата ТВ-серија 2009 Народни приказни ТВ-серија 2013 Тврдокорни ТВ-серија 2014 До балчак ТВ-филм Шиле 2017 Инсајдер ТВ-серија Пејачот 2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија проф. Горан 2027 Мравки ТВ-филм

Награди и признанија 1993 - Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за улогата на "Тони Џанго" во претставата "Грев или шприцер" 1994 - Награда од уметничкиот совет на ДТС која гласи: Награда за најдобар актер на Драмски театар - Скопје во 1994 година 1995 - Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за улогата на Розенкранц во „Розенкрец и Гилденстерн се мртви“ 1996 - Награда „Димче Трајковски“ за улогата на Тимчо во „Ни ќар - ни зијан“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп 1996 - "Златна маска" од весникот „Вечер“ за улогата на Моцарт во „Амадеус“ на фестивалот „Охридско лето“ 1996 - Награда 13-ти ноември 2001 - Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за улогата на Симон во претставата „Диво месо“ 2013 - Златна бубамара на популарноста за актер на годината 2013 - награда „Петре Прличко“Награда „Петре Прличко“ за Дац 2022 - Награда „Св. Јоаким Осоговски“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Добитници на наградата „Петре Прличко“ Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски режисери