мини|330п|„Слобода на барикадите“ (1830) од Ежен Делакроа Романтизам — сложено уметничко, книжевно и интелектуално движење кое се појавува во втората половина на XVIII. век во Европа, а својата полна афирмација ја доживува со реакција на Индустриската револуција. Делумно, тоа претставува бунт против аристократските општествени и политички норми на просветителството и рекација против научната рационализација на природата, а во најголема мера се овоплотува во ликовните уметности, музиката и книжевноста, но има големо влијание и на историографијата,David Levin, History as Romantic Art: Bancroft, Prescott, and Parkman (1967) образованиетоGerald Lee Gutek, A history of the Western educational experience‎ (1987) ch. 12 on Johann Heinrich Pestalozzi и природознанието.Ashton Nichols, "Roaring Alligators and Burning Tygers: Poetry and Science from William Bartram to Charles Darwin," Proceedings of the American Philosophical Society 2005 149(3): 304-315 Влијанието врз политиката било значително и сложено, и бил поврзан со либерализмот и радикализмот.

Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските случувања. Романтизмот се јавува во време на големи општествени потреси и национални движења, во периодот на дотрајувањето и распаѓањето на феудалните општествени односи и зајакнувањето на граѓанството. Показатели на таа општествено-историска вознемиреност се значајните историски настани: Француската револуција во 1789 година, воздигнувањето на Наполеон и неговите освојувања, победата на реакцијата, како и востанието на декабристите во Русија во 1825 година.

Овие општествени потреси влијаеле и на животниот идеал. Оформувањето на новиот животен идеал се остварувало низ неколку фази: сентиментализмот и меланхолијата одговарале на расположението на буржоазијата во предреволуционерното време, песимизмот и малаксаноста ја зафаќа аристократијата по завршетокот на буржоаската револуција, а со падот на Наполеон, малаксаноста и разочарувањето добиваат општи размери.

Причинителите на разочарувањето и малаксаноста треба да се бараат во неусогласената граѓанска идеологија и граѓанската стварност. Имено, револуцијата не ги остварила прокламираните идеи - братство, еднаквост и слобода. Генерацијата на романтичарите не верува во усогласеноста на животот како што го предочил рационалистичкиот XVIII век. Тие се откажуваат од идеалот за главната власт на разумот и бараат утеха во емоциите и силниот индивидуализам.

Носител на романтичарското движење била граѓанската класа, па затоа во редовите на романтичарските создатели има голем број на племеници: Јозеф фон Ајхендорф (1788-1857), Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824), Алфонс де Ламартин (1790-1869), Михаил Јурјевич Лермонтов (1814-1841), Алфред де Мисе (1810-1857), Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837), Перси Биш Шели (1792-1822), Алфред де Вињи (1797-1863) и други.

Романтизмот во уметноста (книжевноста, сликарството, музиката и театарот) се јавува како реакција на идеологијата и уметноста на претходниот период - класицизмот, односно рационализмот. Наспроти класицистичката поетика, често шаблонизирана и стегната во спрегите на рационалистичките правила и прописи за создавање, романтизмот ја истакнува потполната слобода на мечтите, изумите и тематиките, спротивставувајќи се на сите облици на нормирано создавање.

Кон крајот на XIX век се појавила силна антиромантичарска реакција, која се движела во две насоки: првата, помирна, ги опфаќа разните облици на неокласицизмот, додека втората, разурнивачка, предлага различни видови на укинување на поезијата. Некои поети, како Томас Стернс Елиот, препорачувале бегање од исповедноста и од емоциите.Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 50.

Зачетоци и развој на романтизмот thumb|Јохан Волфганг фон Гете. thumb|left|150px||Жан Жак Русо. 154px|thumb|right|Фридрих Шилер. left|thumb|155px|Александар Пушкин од Орест Кипренски. thumb|right|180px|Лорд Бајрон.

Францускиот романтизам Зачетоците на романтичарскиот животен идеал ги наоѓаме уште во делата на францускиот просветител Жан Жак Русо (1712-1778). Русо со своите дела Јулија или новата Елоиза и Исповеди го трасирал патот на романтичарскиот субјективизам и чувственост. Нова Елоиза е пример за сентиментално-љубовен роман, кој целосно ја воздигнал човековата емоција. Навестувањето на романтичарскиот субјективизам е видлив и во автобиографските Исповеди.Паскал Гилевски, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 21 - 23

На овие дела на Русо се инспирирала романтичарската генерација. Во обликувањето на романтичарскиот животен идеал, освен Русо, значајна улога одиграле и Франсоа-Рене де Шатобријан и Џорџ Гордон Бајрон. Шатобријан ги продлабочил концепциите на Русо, го вовел мотивот на „светска болка“ (или тага), истенчената емоција и префинетиот лиризам. Книжевниот израз се обогатувал со нови, рафинирани квалитети кои ја истакнуваат неговата забавна и визуелна компонента. На романтичарите им одговарал шатобријановиот естетизам, субјективизам, лиризам и неговата книжевна инспирација.

Според српскиот поет Јован Дучиќ, чудно е како романтизмот се развил кај Французите, кои немале чувство за него, туку тој бил увезен од странство. Притоа, француските уметници го прикажувале туѓиот романтичен живот и на тој начин настанал францускиот романтизам.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 283.

Англискиот романтизам Во Бајроновите дела, романтичарскиот животен идеал се претставува во својот дефинитивен облик. Бајроновите јунаци чувствуваат потполна неусогласеност меѓу себе, своите морални начела и општествената конвенција со која се соочени. Тоа чувство на раскол доведува до чувство на осаменост, промашеност и несфатеност. Бајроновите јунаци по својот начин на доживување се сродни со Русоовите јунаци од романот Нова Елоиза и Гетеовиот Вертер, а само по некои свои одлики се разликуваат од претходникот. Неговите јунаци се индивидуалисти и имаат бурен внатрешен живот кој во себе носи црти на демонското. Моделите за своите јунаци Бајрон ги наоѓал во сопствениот живот. Неговиот живот се смета за живот на најизразитите романтичарски јунаци. Бајрон со помошта на своите ликови најсугестивно го формирал духот и идеалите на епохата. Но ликовите на бунтовници, осаменици, скитачи и незадоволници се претставиле и во делата на останатите создатели од оваа епоха.Раде Силјан, Прилози за наставата по литература, Матица Македонска, Скопје, 2001 стр. 38-40.

Германскиот романтизам Од сите романтичарски движења, германскиот романтизам бил најмногу свртен кон сонот, мистеријата, несвесното, волшебното и фантастичното. Притоа, германските романтичари биле инспирирани од фолклорот: обновувајќи ја формата на баладата (Готфрид Аугуст Биргер) и на сказната (Лудвиг Тик, Лудвиг Ахим фон Арним, Фридрих де Ла Мот-Фуке, Адалберт фон Шамисо), германскиот романтизам ја збогатил книжевноста со проколнатите места, магичните предмети, натприродните суштества и неверојатните настани. Е. Т. А. Хофман, пак, отишол чекор напред јавувајќи се како основач на новиот поджанр - фантастичниот расказ.Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 177. Фридрих Шилер (1759-1805), во драмата Разбојници обликувал лик на разбојник кој се бори против општествената неправда. Шилеровиот јунак го изразува расположението на побуденото граѓанство кое се буни против феудалниот апсолутизам.Паскал Гилевски, Романтизам. Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 47-49.

Рускиот романтизам Романтизмот е означен како златен век на руската поезија, кога се појавува плејада поети (Жуковски, Батјушков, Бератински, Јазиков, Рилјеев, итн.) кои моќно и автентично го разоткриле лиризмот на руската душа. Во овој период, рускиот романтизам го достигнал врвот во творештвото на Пушкин, Фјодор Тјутчев и Михаил Лермонтов, кои се издвојуваат не само како великани на руската, туку и на европската поезија од 19 век.Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 225. Руската романтика обликувала неколку значајни ликови во Лермонтовите поеми Мцири и демонот и во Пушкиновите поеми Цигани и Кавказкиот заробеник. Сите се тие бајронски личности прогонети од судбината, благоородни во своите настојувања и копнеења, а трагични во својата единственост и несфатеност. Лермонтовиот лик Печорин од романот Јунак на нашето време и Пушкиновиот Евгениј Онегин од истоимениот роман се ликови на „одвишните луѓе“ кои се јавуваат во ерата на суровиот николаевски режим.

Романтизмот во јужнословенската книжевност Романтизмот во јужнословенската книжевност се одликува со одредени специфичности кои го одделуваат од општите романтичарски струења во европската книжевност. Навистина, тој никнал во сенката на германскиот романтизам, но набргу се претворил во лост за развој на националната свест при што изворите ги барал во народната историја и народната книжевност. Во тој поглед, особено било големо влијанието на епските народни песни, кои биле заслужни за револуционерната боја на романтизмот. На пример, Бранко Радичевиќ брзо ги сфатил предностите на народниот говор и станал основоположник на модерната српска лирика. Во однос на другите одлики на јужнословенскиот романтизам, може да се наведат следниве: во лирската поезија доминира љубовта; во голема мера бил присутна сентименталноста, преземена од германските поети; природата станала еден од поважните мотиви во поезијата; во позијата преовладувал јамбот, а се појавиле и многу сложени поетски изрази (на пример, во „Сонетниот венец“ на Франце Прешерн) итн. Кон средината на 19 век во југословенската книжевност доминирала поезијата, која се движела од плачлива, сентиментална љубовна лирика до бурни, патриотски тиради кои повикувале во борба против ропството. Притоа, од тоа море стихови само мал дел останал забележан според уметничката вредност. Навистина, тоа делумно е поврзано со краткиот век на траење на јужнословенскиот романтизам, но сепак, наспроти масовната поетска продукција, мал е бројот на вредните остварувања до тој период. независно од тоа, тогашните романтичари биле предводници на будењето на народната свест и на националните ослободителни движења, а нивните ангажирани политички песни ги полнеле страниците на тогашните весници и списанија. На пример, политичкото движење „Обединета српска младина“ била основна база од која произлегувале српските поети во тоа време, а во неговите активости поезијата се изедначувала со програмските, идеолошките и политичките манифестации.Зоран Гавриловић, „Родољубива поезија нашег романтизма“, во: Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 7-11.

Книжевна тематика на романтизмот

Книжевната тематика на романтизмот може да се сврзе во неколку целини:

тематика на лични преокупации национално-историска тематика пејзажна тематика - далечните и непознати краеви егзотика окултна и мистична тематика.

Тематика на личните преокупации

Изоштрениот субјективизам на романтизмот се отчитувал во сите книжевни видови. Тој е подеднакво нагласен во лирската песна, драмата, патописот, романот и расказот. Лириката навлегува во прозните и драмските видови: романот често е компониран во облик на писма, дневници, мемоари. Таква форма одговарала на субјективистички ориентираниот период, а најавена е уште во русоовата "Нова Елоиза". По гетеовиот роман "Страдањата на младиот Вертер" сè повеќе се наметнува романот во облик на писма и интимни записи.

Дека романтизмот ја негувал тематиката на личните преокупации сведочи и неговото лирско творештво. Најдобрите остварувања на романтизмот треба да се бараат во лириката.

Историско-национална тематика thumb|десно|Виктор Иго.