Streptococcus pyogenes е грам позитивна бактерија која расте во вид на синџир, без спори, флагели, некои видови имаат капсула, а некои не. Расте на крвен агар и дава мазни непровидни, непигментирани колонии, а околу нив ẞ хемолиза. Отпорност и токсичност Средно отпорна бактерија отпорна на сушење, осетлива на пеницилин. Лачи јак еритроген токсин т.н. Диков токсин и тоа тип (A,B и C). Овој токсин доведува до оштетување на ендотелот на капиларите. Ги прави пропустливи и доведува до излевање на крвта во кожата во вид на точкести крварења. Потоа токсинот по лимфохематоген пат се разнесува до паренхимните органи (слезина, црн дроб). Покрај овие лачи и хемолизин О и S. Стрептокинеза и хијалиранидаза, дезоксирибунуклеоза.

Антигенска структура и епидемиологија Содржи М, Т и R антигени на кои се создаваат М, Т и R антитела. Извор на инфекцијата е болен човек - клицоносител. Се пренесува директно по аерокапков пат, а поретко индиректно. Има сезонски карактер на јавување и тоа: есен, зима поради долг престој во затворен простор и близок контакт со болен.

Патогенеза Влезна врата слузницата на горни дишни патишта. Заболувањата кои го предизвикуваат се наречени стрептококози. Се делат на: Заболувања со инфазивен карактер. Кожа (апцес, фуринкули, карбункули, целулитис, еризипел, флегмона) Заболувања со токсичен карактер. Скарлатина (Шарлах) претставува акутна инфективна болест која се одликува со покачена температура 39-40°C, гадење, повраќање, хиперемичен фаринкс, огнено црвено грло со гнојна ангина. Карактеристично за скарлатина - егзантем (исип) по кожата и телото и енантем (исип) по видливите слузокожи. Егзантемот го зафаќа целото тело со исклучок на лицето, длаките, и табаните. Лицето е зацрвенето особено на јаболчниците сè до назолабјалната бразда каде имаме бледило тоа е знак на пасти на местото со повеќе кожни набори (вратот) аксилите, (препоните зад колениците). Егзантемот се слива во вид на црвени линии - знак на Филатов. Егзантемот отпаѓа со ситно брашнесто перутење на кожата и тоа почнуваќи од нејзините најнежни делови (врат, околу ноктите на рацете итн.) Рековалесценцијата (опоравување) започнува по втората недела. Заболувања со алергиски автоимун карактер. Ревматска треска, се јавува кај луѓе коишто прележале попвеќе пати гнојна ангина во детската возраст. Се одликува со негнојни артритиси на сè повеќе и повеќе зглобови. Подоцна се јавуваат деформации, заболувања на срцевите залистоци. Акутен Гломерулонефритис, се јавува во детска возраст со белковини и крв во урината едеми и покачен крвен притисок.

Дијагноза Анамнеза, клиничка слика епидимиолошка анкета, микробиолошка дијагноза, (се зема брис до влезното место, до грло, кожа, пункција на коскена срж, ликвор, крв и др.) Се прави препарат и се бои ои грам или се засејува на крвен агар и декстрозен бујон. Терапија Се даваат Пеницилини. Имунитетот е краткотраен. Профилакса изолација на болните и клицоносителите, а кај луѓе кои доживеале еден напад на ревматска треска се даваат на секој 15-30 дена во текот на 5 години депопеницилини.