Малдивски јазик = дивехи) — индоариски јазик, од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Јазикот се зборува главно на Малдивите од околу 350.000 жители. Исто така, малдивскиот е мајчин јазик на околу 10.000 жители на островите Миникој во Индија. Јазикот се пишува со писмото тана. Писмото и јазикот се службени во малата островска држава Малдиви.
Малдивскиот е сроден со синхалскиот јазик, но не се многу разбирливи меѓусебно. Голем број јазици влијаеле при развојот на јазикот во сегашната форма, меѓу кои најмногу арапскиот.
Потекло на поимот Македонскиот назив за јазикот потекнува од името на државата - Малдиви. На малдивски, јазикот е познат како Dhivehi (малдивски) или Dhivehi-bas (малдивски јазик). Самиот збор Dhivehi е составен од два збора Dhiv+ vehi и значат „островјани“. Зборот bas значи „јазик“. Така, во буквален превод името значи „јазик на островјаните“.
Потекло Малдивскиот е индоариски јазик, кој е најсроден со синхалскиот јазик од Шри Ланка. Малдивскиот е најјужниот индоариски јазик. Заедно со синхалскиот, малдивскиот сочинува една подгрупа на јужните индоариски јазици, наречена островски индоариски јазици. Сепак, синахалскиот и малдивскиот не се меѓусебно разбирливи. Порано се верувало дела малдивскиот потекнува од синхалскиот, но во скоро време се предложила теоријата дека јазикот потекнува од махараштри пракрит.
Географска распоространетост Повеќето од луѓето кои зборуваат на малдивски живеат на Малдивите, каде е национален јазик. Сепак, има мал број малдивски говорници на Минакој во Индија.
Статус Јазикот е службен само на Малдивите. Како полуслужбен стгатус има во територијата Лакшадвеп во Индија.
Фонологија Фонолошкиот систем на малдивскиот е сличен со тој на останатите јужноиндиски јазици.
+самогласки предни централни задни кратка долга кратка долга кратка долга затворени средни отворени +Согласки уснени забни алвеоларни ретрофлексни палатални веларни грлени експлозивни безвучни звучни пренасализирани фрикативни безвучни звучни носни апроксимантни треперливи
Примери малдивски транскрипција македонскиސުވާސްތީ Suvasthee добре дојдеޝުކުރިއްޔާ Shukuriyyaa благодарамނޫން Noon не
Наводи
Поврзано
Малдиви Тана (писмо) Индоариски јазици
Дополнителни информации . . . . . . . .
. . .
Надворешни врски
Малдивска Академија Вовед за малдивскиот јазик Mahal Unit Press Minicoy
* Категорија:Јазици во Индија