Христијанството во Мавританија е малцинска религија. Во државата има околу 4.500 Христијани, Католици. Целата територија на Мавританија е една бискупија, Римокатоличка бискупија во Нуакшот. Во државата нема повеќе од 200 Протестанти, меѓу кои и странци.
И покрај строгиот државен закон и терор против евангелизацијата, мавританските Христијани растат во бројот и се проценува дека има од 400 до 1000 етнички мавритански Христијани. Во еден период од осум месеци, Miracle Channel, норвешко-шведски ТВ канал, емитувал христијански собири во мавританската пустина со по над 160 луѓе.
Прогон врз Христијаните Распространувањето на христијанската книжевност и евангелизацијата на Муслиманите во државата е забранета. Библиите ретко се печатат и се распространуваат. Државната опресија вклучува и апсење на Христијани поради нивните верувања. Има и затворање на цркви. Преобратот од Ислам во Христијанство е казниво со смрт и другите религии не се признати од државата. Сето ова ја прави државата една од најнеразвиените во светот со еден од најнискиот индекс на демократија, слобода на верско изразување и почитување на основните човекови права.
Поврзано
Прогон на Христијаните Универзална декларација за основни човекови права Мавританија
Наводи
Надворешни врски Верници во Мавританија Профил на Мавританија
Категорија:Христијанството во Мавританија Категорија:Прогонство на христијаните