Мари ( или ) — најдолга река во Австралија. Се протега 2.375 км и извира во Австралиските Алпи и претежно тече во свијоци низ рамничарските делови во внатрешноста на земјата. Реката ја образува границата помеѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија течејќи на северозапад, а во последните 500 км тече на југ во Јужна Австралија и завршува во езерото Александрина и океанот.
Тече низ неколку езера со колеблив степен на соленост како што се Александрина и Куронг, па кај Гулва се влева во Индискиот Океан (во земјата често наречен Јужен Океан). Иако реката знае да биде обемна, устието е релативно мало и плитко.
Речниот систем игра значајна улога во наводнувањето на обработливите површини по течението, кои имаат најголемо производство на земјоделски култури во земјата.
Географија Мари сочинува дел од речниот систем Мари-Дарлинг долг 3750 км чиј слив ја опфаќа речиси сета копнена Викторија, Нов Јужен Велс и јужен Квинсленд — една седмина од копнената маса на Австралија. Во споредба со другите реки во светот со слични сливови, Мари има многу помала полноводност и се одликува со големи колебања во текот на годината.
Реката сочинува голем дел од границата помеѓу државите Викторија и Нов Јужен Велс. Самата граница лежи на јужниот брег, така што реката како таква не тече низ Викторија.
Поважни населени места По течението на Мари се расположени следниве населени места: Олбери, NSW / Водонга: Ечука / Моама, НЈВ: 16.000 Свон Хил, Викторија: 9.700 Милдјура, Викторија: 32.000 Ренмарк, Јужна Австралија: 8.000 Мари Бриџ, Јужна Австралија: 20.500
Поврзано Дарлинг Марамбиџи Список на реки во Австралија
Наводи
Надворешни врски
Комитет за Мариско-дарлиншкиот слив: Мари и долното течение на Дарлинг
Категорија:Реки во Австралија Категорија:Географија на Викторија Категорија:Географија на Нов Јужен Велс Категорија:Географија на Јужна Австралија Категорија:Мариски слив