Скуша (; меѓународно: „атлантска скуша“) — риба од родот скуша (Scomber) во семејството на скушите (Scombridae) што живее на обете страни од Северниот Атлантски Океан, Средоземното, Црното и Северноледениот Океан.

Ги населува отворените студени води и се движи во големи јата близу површината. Презимува во подлабоки води, а напролет доаѓа во поплитко, кога температурата ќе достигне 11–. Се храни со помали риби и ракчиња.

Машките и женските единки растат со иста стапка и живеат највеќе 20 години, достигнувајќи до 47 см. Полово созреваат на возраст од три години.

Во исхраната

Скушата е мошне барана риба и се јаде зготвена или свежа како сашими. Има црвено место и силен вкус. Содржи многу големо количество на витамин Б и масни киселини омега 3 — речиси двојно повеќе од лососот.

Конзервираната скуша ужива популарност во Скандинавија и Велика Британија. Се продава во доматен сос, во саламура или во масло.

Оваа риба е одличен извор на фосфатидилсерин и содржи 480 мг на секои 100 гр тежина. Во најново време оваа супстанција се истражува како ублажувач на здравствени пореметувања како хиперкинетичко растројство и Алцхајмерова болест.

Наводи

Скуша — NOAA FishWatch

Надворешни врски

Рецепти со скуша на разни начини — „Кулинар“ Ску­ша — вкус­но оруж­је про­тив хо­лес­те­ро­лот , Вест, 12 септември 2011

Стопански риболов и заштита на скушата — Институт „Син океан“

Галерија

Категорија:Скуши Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј