Тројенбрицен () — град округот Потсдам-Мителмарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Историја

мини|лево|Фахверк-куќи

Првите пишани споменувања за градот се од околу 1217. Од 1348 до 1350 градот бил верен на Лудвиг Петти од династијата Вителсбах и Маркгрофовијата Бранденбург. Оттука доаѓа и името на градот, односно „вистински“ или „верен“ Брицен. Во текот на реформацијата, Мартин Лутер дошол во 1537 да проповеда во градот, но пристапот кон црквата му бил блокиран. Наместо тој проповедал под липа, која денес е наречна Липата на Лутер (Lutherlinde).

Во текот на индустриската револуција биле отворени неколку текстилни фабрики во градот.

По отворањето на концентрацискиот камп Заксенхаузен во 1936, бил отворен подкамп во градот, каде принудните работници биле приморани да работат во фабриката за оружје. При доаѓањето на Црвената армија на 23 април 1945, Вермахтот убил 127 италијански воени заробеници, кои биле држени во кампот.Die Tageszeitung Ein verschüttetes Verbrechen Помеѓу 24 април и 1 мај 1945, областа била местото на Битката кај Халбе помеѓу Вермахтот и Црвената армија.

Градот бил најпрвин окупиран од советските трупи на 21 април 1945, но германскиот Вермахт и СС трупите успеале да се вратат на кратко, конечно повлекувајќи се на 23 април. Подоцна, војниците на Црвената армија убиле околу 1.000 цивили од градот во текот на последните денови на април и првите денови на мај во блиската шума. Исто така многу жени биле силувани.welt.de Das Massaker der Roten Armee in Treuenbrietzen Роднините пријавиле 251 мртов во општинската книга, додека сведоци, кои ги закопувале мртвите на локалните гробишта, запреле да бројат откако погребале 721 лице,berliner-zeitung Das Massaker von Treuenbrietzen додека денес постојат само 125 гробови.Claus-Dieter Steyer, Der Tagesspiegel 21 јуни 2006 "Stadt ohne Männer"

Градот доживеал големи оштетувања во текот на војната, иако историскиот стар дел на градот останал нечепнат. Од 1945 економијата била насочена кон краварство.

мини|upright|лево|Црква во Пехиле

Познати луѓе

Мартин Хемниц, теолог Фридрих Хајнрих Химел, композитор Хенри Маске, боксер

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Здружение Тројенбрицен

Категорија:Потсдам-Мителмарк Категорија:Бранденбург (покраина)