Александар Сергеевич Пушкин (рус. , — ) — руски писател кој се смета за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазикЕфтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато. Скопје, Три, 2016, стр. 226. и основач на модерната руска литература.
Животопис left|thumb|Пушкиниот автопортрет на монета од рубља, 1999. Таткото на Пушкин, Сергеј Љвович, потекнувал од сиромашно благородничко семејство чии корени водат потекло потекнувале од 12 век. Прадедо на неговата мајка бил Абрам Петрович Ханибал (Ибрахим Петрович Ханибал), Етиопјанец од кралски род, кој бил заробен од Турците како осумгодишно дете, додека според друга теорија се претпоставува дека потекнувал од некој султанат во близина на денешната држава Чад.Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 7. Тој бил купен како роб во Цариград од страна на српскиот дипломат Сава Владиславиќ, кој му го отстапил на рускиот амбасадор во Цариград, а тој му го поклонил на Петар Велики. Царот му станал очув на детето, му го дал презимето Ханибал и го оженил со една руска благородничка. Така, Ханибал станал голем воин, инженер и благородник. Пушкин ја знаел оваа историја која ја опишал во романот „Арапот на Петар Велики“.Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 31. Исто така, за своето потекло Пушкин пее во песната „Мојот родослов“ (1830) во која вели: „мојата лоза е стара“, „јас сум син на некакви старински болјари“, неговиот предок Рача му служел верно на Александар Невски, другите предци верно му служеле на царот Иван Грозни, неговите предци ја потпишале повелбата со која на власт дошла династијата Романови, царот Петар Велики го обесил неговиот предедо, еден негов предок му бил верен на царот Петар III и поради тоа завршил в затвор, а во песната пее и за дедо му Ханибал.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 224-226.
Пушкин останал рано без родителската грижа и бил воспитуван во кругот на семејството, здобивајќи се со љубов кон книжевноста и учејќи го францускиот јазик од домашните учители. Првата лектира му биле делата на Хомер, Вергилиј и Хорациј, Молиер, Русо, Тасо, Расин, Волтер, Лафонтен, Державин, Озеров, Карамзин и Фонвизин, Књажњин итн., а во неговиот дом често гостувале видните руски писатели, како Карамзин, Дмитриев, Баќушков, Херасков и други. Сепак, најголем впечаток му оставиле приказните што му ги раскажувала дадилката Арина Родионовна.„Поговор“, во: А. С. Пушкин, Капетановата ќерка, Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 142. Од 1811 до 1817 година учел во престижниот лицеј во Царско Село, во близина на Санкт Петербург, каде имал среќа да му предаваат и наставници со либерални сфаќања, како Гаљич кој бил противник на класицистичката книжевна теорија, а таму ги објавил и своите први песни. Подоцна, тој ги опеал среќните денови поминати во лицејот во Царско Село, како во песната „Царскоселската статуа“ (1830)A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 214. или пак „Пролог“ (1836) во која пее: „... сега одам на поклонение во Царско Село... Царско Село! ... игрите во лицејот, нашите предавања...“A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 305.
Во јуни 1817 година, Пушкин го завршил школувањето, а потоа стапил во служба во Колегиумот за надворешни работи, но не покажувал интерес кон работата. Во 1819 година, тој станал член на декабристичкиот кружок „Зелената ламба“. Притоа, неговите стихови се читале на јавните места и се ширеле меѓу младината, разгорувајќи ги бунтовните духови. За тоа сведочат зборовите на декабристичкиот водач Рилеев упатени до Пушкин: „Во тебе се свртени очите на Русија, тебе ти веруваат, на тебе се огледуваат. Биди поет и граѓанин.“„Поговор“, во: А. С. Пушкин, Капетановата ќерка, Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 141-142. Поради критиката на режимот на Александар I, тој бил осуден на прогонство во Сибир, но благодарение на заштитата на пријателите (поетот Жуковски и други), казната му била заменета со прогонство во Бесарабија. Така, во мај 1820 година, тој бил преместен во Екатеринослав, во канцеларијата за колонистите во јужните краишта, под управа на генералот Инзов. Подоцна, за време на престојот во Кишинев, тој станал масон и се придружил на „Филики Етерија“ („Друштво на пријатели“), тајна организација чија намера била да ја отфрли отоманската власт над Грција и да востанови независна грчка држава. Пушкин бил инспириран од Грчката револуција и кога завршила војната против Отоманците, тој зачувал дневник со настаните на големото народно востание. Во овој период, заедно со семејството на генералот Рајевски, а со дозвола на Инзов, Пушкин отпатувал на Кавказ, а потоа, преку Гурзуф, Херсон и Одеса се вратил во Кишинев. Таму останал до јули 1823 година, кога се преселил во Одеса, каде повторно се судрил со владата и во 1824 година бил отпуштен од службата и испратен во прогонство на имотот на неговата мајка во селото Михајловско, во северна Русија, каде татко му, Сергеј Љвович го презел надзорот врз постапките и преписката на својот бунтовен син. Тоа довело до тешки кавги така што родителите го оставиле Пушкин сам во селото. Таму, тој ги читал „Историјата на руската држава“ на Карамзин и старите руски летописи, дадилката му раскажувала народни бајки, а тој самиот запишувал народни песни и пословици.Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 8-9.
Во Михајловско Пушкин останал до 1826 година. Во тоа време, некои од учесниците во Декабристичкото востание (1825) во Санкт Петербург зачувале некои од неговите рани политички поеми и наскоро, по царската наредба, Пушкин бил пренесен во Москва, „во својата кочија, слободно, под надзор на полицајците, но не во својство на уапсен“. Новиот цар Николај I го примил и му соопштил дека во иднина царскиот двор ќе ги цензурира неговите дела. Подложен на тортура, Пушкин помислувал да емигрира, но неговите намери не успеале. Во април 1829 година ја побарал за жена седумнаесетгодишната убавица Наталија Н. Гончарова, но не добил никаков одговор. Разочаран, тој се пријавил како доброволец во руско-турската војна и по вторпат заминал на Кавказ каде во битките ја барал смртта како решение за тешката депресија во која западнал. Тој заминал во Владикавказ, ги преминал военогрузискиот пат, Тифлис и Карс, а патем ја сретнал колата со мртвото тело на Грибоедов. Потоа, во својство на „полувојник-полупатник“, ја придружувал колоната од казненици-декабристи на патот до Ерзерум. Во една од борбите за малку ќе погинел, но по освојувањето на Ерзерум се вратил во Москва и повторно ја побарал Наталија за жена, овој пат успешно. По тој повод, од татко му добил на поклон 200 луѓе на имотот Болдино во нижегородската губернија. Поради работата околу пренесувањето на имотот и поради карантинот воведен по избувнувањето на колерата, Пушкин останал во Болдино во текот на есента, 1830 година. Во 1831 година се оженил со Наталија Гончарова и се преселил во Петроград, каде повторно добил работа во Колегиумот за надворешни работи.Паскал Гилевски, Раде Силјан, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 338-344.„Поговор“, во: А. С. Пушкин, Капетановата ќерка, Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 142-144.Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 9-10.
thumb|200px|Куќата на Пушкин во Москва. Во 1831 година, за време на зенитот на неговата слава, Пушкин го сретнал Николај Гогољ и двајцата станале добри пријатели и се поддржувале меѓусебно. Во септември 1833 година добил отсуство и отпатувал во Казањ, Симбирск, Оренбург и Уралск, а на враќање кон дома поминал во Болдино. Во 1834 година, царот му ја доделил најниската дворска титула, камер-јункер која не одговарала на неговата положба и возраст. Во Петроград, односите меѓу Пушкин и царскиот двор станале уште позатегнати: полицијата му ги читала писмата, а царот често ја канел убавицата Наталија на дворот. Во 1836 година, Пушкин почнал да го издава списанието „Современик“. Како последица на сплетките на царскиот двор и анонимните писма во кои се пишувало за наводната љубовна врска на неговата сопруга Наталија со гардискиот офицер Жорж Дантес, доселеник од Франција, Пушкин го предизвикал наводниот љубовник на неговата жена. Двобојот се одржал во околината на Петроград, на 27 јануари 1837 година, под тешки услови (растојание од 10 чекори и продолжување на двобојот во случај на почетни промашувања на учесниците). Во двобојот бил повреден и Дантес, но Пушкин бил тешко ранет и умрел во својот дом, два дена подоцна. Владата се плашела од политичка демонстрација на неговиот погреб и затоа тој се одвивал само во присуство на неговите најблиски роднини и пријатели. Неговото тело било кремирано тајно на полноќ и било закопано на имотот на неговата мајка. На веста за смртта на Пушкин реагирал Лермонтов со својата прославена песна во која ја осудува смртта на поетот.„Поговор“, во: А. С. Пушкин, Капетановата ќерка, Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 144.Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 10.
Творештво Пушкин почнал да пишува песни уште во раното детство, а нив почнал да ги објавува кон крајот на 1811 година во ракописните весници и списанија во Царско Село. Во 1814 година, на петнаесетгодишна возраст, Пушкин ја објавил својата прва поема („На другарот стихотворец“) а следната година, по препорака на професорот Гаљич, ја напишал песната-химна „Спомени од царското село“, која го претставува неговиот прв поголем литературен успех. Во јануари 1815 година, тој ја прочитал таа песна на главниот испит во лицејот, на кој присуствувал и Державин, кој бил воодушевен од поетскиот талент на Пушкин. Неговиот талент ги привлекол и тогашните руски водечки поети, Батјушков и Жуковски, како и Карамазин, кои доаѓале во лицејот за лично да се запознаат со талентираниот поет.Пушкин, Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том I, стр. 10. Кон крајот на 1816 година бил избран за член на напредното книжевно друштво „Арзамас“. Во март 1820 година, Пушкин ја завршил својата прва подолга поема, „Руслан и Људмила“ (започната уште за време на неговиот престој во лицејот), која предизвикала многу контроверзии во однос на темата и стилот. Во неа се чувствува влијанието на Ариосто, Тасо, Волтер, Жуковски и усното народно творештво и со својот карактер на „романтична поема“ го означува напуштањето на класицизмот. Во јули 1823 година, по враќањето во Одеса по патувањето во Кавказ и во Крим, Пушкин ги напишал своите „бајроновски поеми“ кои му донеле поширока слава — „Заробеникот од Кавказ“, „Фонтаната на Бахчисарај“, „Браќата разбојници“ и „Цигани“ во кои започнува полемика со идеалот на Русо за враќањето кон природата.Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 8. Додека бил на имотот на мајка си (1824-1826), Пушкин ја напишал својата најпозната драма „Борис Годунов“, но добил дозвола да ја издаде дури пет години подоцна.