Марјан Алтипармаковски, познат како Мацата, (роден 18 јули 1991 година) ― македонски фудбалер кој игра како напаѓач. Тој има и хрватска националност.

Кариера Клупска кариера Алтипармаковски на негови 17 година ја започнал кариерата во Пелистер од Битола. Тој потпишал тригодишен договор со Шкода Ксанти на 5 јули 2010 година, и го напуштил клубот во мај 2013 година. Потоа се вратил во Македонија и Пелистер. Во јануари 2014 година, Алтипармаковски договорил договор со Панилијакос.

Во периодот од 2014 до 2016 година, фудбалерот бил играч на Работнички. Со тој клуб, Алтипармаковски го освоил Купот на Македонија 2014/15. Во летото 2015 година, Работнички и Алтипармаковски стигнале до бараж рундата (последниот филтер) за влез во групите на Лигата Европа 2015/16.

На 15 јули 2016 година, Алтипармаковски го имал дебито за хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.

Пред сезоната 2017, тој се приклучил на литванскиот А лигаш Судува. На 13 февруари 2017 година, Алтипармаковски го постигнал својот прв гол, поточно во Купот на Литванија. Со Судува, Алтипармаковски го освоил домашното првенство.

Алтипармаковски потпишал за Сараево на 7 февруари 2018 година.

Во август 2018 година, Марјан се приклучил на албанскиот Лачи. Во јануари 2019 година, тој бил принуден да му бидат оперирани вкрстените лигаменти на ногата. Во јуни истата година, додека бил слободен агент, Алтипармаковски стапил во тренажна постапка.

Тој бил фудбалер на бугарскиот клуб Пирин во периодот од средината на 2019 година до март 2020 година, при што тогаш има повреди.

На 15 јули 2020 година, тој бил претставен кај македонскиот прволигаш Струга Трим - Лум. Во јуни 2021 година, играчот ја напуштил Струга Трим - Лум.

За сезоната 2021/22, тој во август потпишал за Брегалница 2008. На крајот на октомври 2022 година, поради лични причини на фудбалерот, Брегалница 2008 и Алтипармаковски го раскинале договорот. Но во јануари следната година, тој се вратил во штипскиот клуб и ја обновил соработката. Откако му истекол договорот со Брегалница 2008, тој во јули истата година потпишал за српскиот Раднички од Белград.

Репрезентативна кариера Алтипармаковски има одиграно 21 натпревар за младинските категории на Македонија и има постигнато 3 гола.

Почести Работнички Првак во Купот на Македонија (1): 2014/15 Судува Првак во А лигата (1): 2017

Наводи

Надворешни врски

Марјан Алтипармаковски на ФК Работнички Марјан Алтипармаковски на Transfermarkt.com

Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Интер Запрешиќ Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери од Битола Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Хрватски Македонци Категорија:Македонски иселеници спортисти во Бугарија Категорија:Иселеници машки фудбалери во Бугарија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Албанија Категорија:Иселеници машки фудбалери во Албанија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Босна и Херцеговина Категорија:Македонски иселеници спортисти во Литванија Категорија:Иселеници машки фудбалери во Литванија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Хрватска Категорија:Иселеници машки фудбалери во Хрватска Категорија:Македонски иселеници спортисти во Грција Категорија:Иселеници машки фудбалери во Грција Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Македонски машки младински фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски машки фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Фудбалери во Втората професионална фудбалска лига (Бугарија) Категорија:Фудбалери во Првата фудбалска лига на Албанија Категорија:Фудбалери во Премиер лигата на Босна и Херцеговина Категорија:Фудбалери во А лигата (Литванија) Категорија:Фудбалери во Хрватската фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Фудбалската лига (Грција) Категорија:Фудбалери во Суперлигата Грција Категорија:Фудбалери во Суперлигата на Србија Категорија:Фудбалери на ФК Струга Категорија:Фудбалери на ПФК Пирин (Благоевград) Категорија:Фудбалери на ФК Лачи Категорија:Фудбалери на ФК Сараево Категорија:Фудбалери на ФК Судува Категорија:Фудбалери на ФК Панилијакос Категорија:Фудбалери на ФК Ксанти Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на ФК Раднички (Белград) Категорија:Машки фудбалски напаѓачи Категорија:Македонски машки фудбалери