мини|десно|300п|Главните сливови во Европа (сиво) и нивните вододелници (црвени линии) мини|десно|Чешма како обележје на вододелницата на црноморскиот и северноморскиот слив Вододелница — граница на два слива во облик на линија од која водата се слева во два правца. Во повисоките краишта, делницата лежи по сртовите на ридовите и планините. Делницата потешко се утврдува во рамничарските предели, особено ако се мочурливи.

Видови Постојат три вида на вододелници:

континентална — водите што ги двои течат во различни океани. Таков пример е вододелницата Конго-Нил. главна вододелница — водите од секоја страна не се среќаваат, но сепак завршуваат во ист океан. Таква е делницата на Јангцекјанг и Хоангхо. помала делница — водите се делат, но подоцна се среќаваат во речна утока. Пример е вододелницат на Мисисипи and Мисури.

Вододелниците често претставуваат пречка во речниот сообраќај. Во прединдустриско време, пловилата се премесувале по сувоземен пат, а подоцна се прокопувале канали со цел да се спојат соседните сливови.

Поврзано Слив Растока Утока Притока Извор Планински превој Било

Наводи

Категорија:Геоморфологија Категорија:Физичка географија Категорија:Хидрологија Категорија:Реки Категорија:Потоци Категорија:Водата и животната средина