Кучевишки манастир — средновековен манастир во скопското село Кучевиште. Прогласен е за споменик на културата на Македонија.

Самата црква на манастирот потекнува од век.

Местоположба

Манастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Кучевиште, од каде води тесен асфалтиран пат во должина од 3-4 километри. Манастирот е подигнат во живописната долина на Кучевишка Река, на едно проширено плато.

Историја

Се смета дека манастирот, како и голем број црковни споменици во околината на Скопје, биле изградени во век. Надворешниот изглед на манастирската црква остава впечаток дека е од т.н. „класичен“ средновековен период.

Манастирот во минатото поседувал голем имот со над 100 хектари обработливи површини, лозја, шуми и пасишта, кои биле предадени на селската задруга по Втората светска војна.

Во век, манастирот ја доживеал својата преродба, кога станал богословски училиштен центар со богата библиотека и вредни предмети за богослужба, а бил и дограден јужниот конак како пандан на постариот. Активностите во манастирот во најголем дел се поврзувале со тогашниот игумен, јеромонахот Мисаил од тетовска Копаница. Во манастирот, на гости или како учители, доаѓале видни луѓе од соседството, тадури и светогорски и руски монаси. Во време на Балканските војни во 1912 година за одреден период животот во Кучевишкиот манастир згаснал.

Манастирот отсекогаш имал монаси. Денес, повторно е жив женски манастир.

Градби во манастирот

мини|300п|десно|Фотографија од старите конаци (1903 г.)

Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите и понови конаци и други помошни стопански објекти.

Црква „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ - Кучевиште

Манастирската црква спаѓа во редот на една од најубавите градителски дела во Македонија од поствизантискиот период. Не е познато како е точно подигната, иако се верува дека црквата била подигната во времето на Крале Марко. Научните факти укажуваат на тоа дека црквата била подигната во периодот помеѓу Маричката (1371) и Косовската битка (1389).

Во својата основа таа припаѓа на триконхалните цркви со една купола.

Црквата и иконостасот се реставрирани во 1991/1992 година.

Конаци Конакот од век

Конакот е изграден во век и низ него тече поток, односно вода низ подземните одаи. Градбата се состои од приземје и кат со простран чардак. Во конакот има и фурна и огниште. Конакот се наоѓал во понезавидна состојба, и по барање на игуменија Марија, тој бил реставриран од страна на американскиот фонд за културна заштита во износ од 100.000 долари.Конакот од 17 век повторно ќе чека гости

Конакот од век

Овој конак потекнува од век. во долниот дел на истиот се наоѓа манастирската трпезарија, а во горниот дел се наоѓаат соби за гости.

Кучевишки манастир како тема во уметноста

„Монахот од Кучевиште што создава ружи“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 44-45

Галерија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Кучевишки манастир „Свети Архангели“ Свети Архангели

Категорија:Кучевиште Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Скопската епархија