Карета или карет ( ^ ) е интерпункциски знак. На тастатурата на латиница, каретата се наоѓа над бројот 6. На англиски се вика caret или circumflex accent. За да се разликува каретата ^ од други слични карактери како на пример ∧ (кој е и поголем и на нивото на обичниот текст), понекогаш каретата се вика „капче“ (ен. hat).

Користење При исправки на текст, т.е. лекторирање, каретата ^ се користи за да се покаже дека одреден текст треба да се вметне (латински caret значи фали). Во разни јазици се става каретата ^ над (неукрасена) буква. На пример: ĉ Во некои математички апликации, програмски јазици и на некои научни дигитрони се користи каретата ^ за означување на математичката операција степенување, т.е. 3^2 значи 32.

Внесување

Во обичен текст, симболот ^ се внесува користејќи ја тастатурата на латиница со заедно притискање на тастерите +.

Во уникод и ХТМЛ, симболот ^ може да се внесува со &#94; и на вашиот тековен прелистувач се прикажува со или хексадецималниот број 005E. За внесување на уникод симболи во текстуални уредувачи на Microsoft се внесува хексадецималниот код, па веднаш потоа се притиска Alt+x. </div> Во LaTeX, за правење на горни индекси како експоненти се користи ^. На пример: (во Википедија) <math>3^2</math> дава . за внесување на самиот симбол ^ се користи \hat{}. На пример, каретата во се разликува од \wedge{} во , кој е математички симбол за логичка конјункција(види исказ (математика)).

Наводи

Поврзани теми Горен и долен индекс Означување (математика) Експонент

Надворешни врски http://encyclopedia2.thefreedictionary.com/caret

Категорија:Интерпункција Категорија:Типографија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Типографски знаци