„Во челустите на животот“ (хрватски: U raljama života) — југословенски филм на режисерот Рајко Грлиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Дубравка Угрешиќ. Главните улоги ги толкуваат Горица Поповиќ, Витомира Лончар, Мира Фурлан, Богдан Диклиќ, Миодраг Кривокапиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Раде Шербеџија, Семка Соколовиќ Барток и Радко Полич. Филмот е снимен во 1984 година. Филмот е заснован врз романот „Штефица Цвек во вилиците на животот“ на Дубравка Угрешиќ, а на филмскиот фестивал во Валенсија ја освоил третата награда на жирито. Врз основа на снимените материјали за филмот, била изработена и телевизиската серија „Штефица Цвек во вилиците на животот“.Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 14. HRT, U raljama života, hrvatski film (пристапено на 11.1.2020)
Содржина Во филмот истовремено се прикажуваат две приказни: едната за Штефица Цвек, а другата за Дуња. Штефица Цвек (ја игра Витомира Лончар) е млада девојка, дактилографка по професија, која живее заедно со својата тетка (ја глуми Семка Соколовиќ Барток). Таа е многу срамежлива поради својата дебелина и, оттука, не може да стапи во врска со маж. Таа постојано мечтае да го запознае вистинскиот маж и затоа ги слуша советите на својата тетка и на пријателката Маријана (ја глуми Мира Фурлан). Така, во нејзиниот стан доаѓаат еден мачо-тип, шофер и Србин по националност (го глуми Бата Живоиновиќ), како и еден интелектуалец, алкохоличар и Хрват по националност (го глуми Раде Шербеџија). Сепак, двете средби завршуваат неславно (Штефица не доживува сексуална врска), бидејќи едниот не може да ја најде својата гума за џвакање, а вториот се опијанува и заспива. Сепак, на крајот, Штефица ја наоѓа својата љубов на еден курс по англиски јазик.
Дуња (ја игра Горица Поповиќ) е млада режисерка која снима серија за љубовните маки на Штефица Цвек. Во нејзиниот стан се плеткаат разни луѓе, но и покрај тоа, таа е незадоволна, празна и несреќна. Со намера да промени нешто во својот живот, таа го брка од станот човекот кој живее со неа (го глуми Миодраг Кривокапиќ) и кој безуспешно ја моли да се врати назад. На крајот, таа сфаќа дека е вљубена во својот пријател (го глуми Богдан Диклиќ).Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 14.
Наводи
Категорија:Филмови на Рајко Грлиќ Категорија:Хрватски филмови Категорија: Југословенски филмови Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Загреб Категорија:Филмови засновани на романи Категорија: Филмови со Горица Поповиќ Категорија: Филмови со Витомира Лончар Категорија: Филмови со Мира Фурлан Категорија: Филмови со Радко Полич Категорија: Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија: Филмови со Богдан Диклиќ Категорија: Филмови со Миодраг Кривокапиќ Категорија: Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија: Филмови со Раде Шербеџија Категорија: Филмови со Семка Соколовиќ Барток