Јазиците во Андора е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Андора, официјално е еднојазична држава.

службен јазик

службен јазик во Андора е каталонскиот јазик (català). Овој јазик го зборуваат околу 38% од вкупното население на државата. Каталонскиот јазик е мајчин јазик на Каталонците. Покрај во Андора, јазикот се зборува и во мали делови во Франција и Шпанија, особено во Каталонија и Валенсија, каде е службен јазик. Вкупниот број на говорници на каталонскиот се проценува на 7.2 милиони (2010).

Останати јазици

Покрај каталонскиот, во државата се зборуваат и шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик. Поради блискоста на овие јазици, како и миграцијата, јазиците се застапени со добар процент од вкупното население на државата.

 мајчин јазиккаталонски 38.8%шпански 35.4%португалски 15%француски 5.4%други 5.5% извор: Observatori de l'Institut d'Estudis Andorrans

Странски јазици Најзборувани странски јазици во државата се шпанскиот, францускиот и англискиот.

Наводи

Поврзано Андора Демографија на Андора

*