Жан Андре Емануел Босежур (роден 1 јуни 1984 година, во Сантјаго) — чилеански поранешен фудбалер, играч од средниот ред или од одбраната.
Кариера Босежур е роден во Сантјаго, како син на татко од Хаити и мајка чилеанско-абурканка Тој ја започнал својата професионална кариера во Универсидад Католика во 2001 година и оттогаш играл за неколку клубови.
Во 2004 година тој потпишал договор со Сервет и останал во Швајцарија само една година, пред да дојде во Гремио во 2005 година, а потоа во Гент во 2006 година. Во 2007 година се вратил во Чиле и поминал една година во Кобрелоа, а потоа потпишал за О'Хигинс во 2008 година.
Приклучувајќи му се на О'Хигинс Босежур го импресионирал селекторот на Чиле, Марсело Биелса и бил повикан за националната должност трипати. На 1 декември 2008 година Клуб Америка од Мексико го доведува Босежур во својте редови потпишувајќи со нив три и пол годишен договор.
По сезона и пол во Клуб Америка, тој се преселил во англиската Премиер лига. На 31 август 2010, Босежур потпишал тригодишен договор со Бирмингем Сити, а веднаш потоа менаџерот на клубот Алекс МекЛиш изјавил дека Босежур бил една од нивните цели подолго време. Босежур го направил своето деби на 18 септември како доцна замена за Александер Хлеб во 83-тата минута, во поразот со 3-1 од градскиот соперник Вест Бромвич Албион. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата над Шефилд Венздеј со 3-0 во петатта рунда од ФА Купот. Тој се појавил како замена во второто полувреме во натпреварот во кој Бирмингем Сити го освоиле Лига купот со победа над фаворитите Арсенал со 2-1. Иако Бирмингем на крајот на сезоната испаднал во Чемпионшип, Босежур останал во клубот и играл во натпреварите од Лига Европа.
На 25 јануари 2012, Босежур го напуштил Бирмингем и се вратил во Премиер лигата потпишувајќи две-и пол годишен договор со Виган Атлетик. Неговото деби за новиот клуб дошло на Вајт Харт Лејн во поразот од Тотенхем со 3-1. По доаѓањето во клубот тој одлично се вклопил во 3-4-3 формацијата на менаџерот Роберто Мартинес играјќи како лев бек. Со Латикс тој го освоил ФА Купот на 11 мај 2013, иако не бил во состојба да игра во финалето против Манчестер Сити на Вембли поради повреда. Само три дена подоцна по поразот на Виган од Арсенал со 4-1, Босежур испаѓа од Премиер лигата за вторпат во неговата кариера.
Титули Универсидад Католика Примера Дивизион де Чиле : Апертура 2002
Бирмингем Сити Лига куп : 2010-11
Виган Атлетик ФА Куп : 2012-13
Наводи
Надворешни врски Жан Босежур на soccerway Жан Босежур transfermarkt
Категорија:Чилеански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сервет Категорија:Фудбалери на Гремио Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на Клуб Америка Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико) Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Луѓе од Сантјаго Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година