Билансот на успех () ги прикажува главните приходи и расходи на банката или претпријатието, заедно со финансискиот резултат од работењето во текот на еден определен временски период (на пример една календарска година).Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 35
Дефинирање на билансот на успех
Билансот на успех е финансиски извештај за финансиските текови т.е. финансиските приливи и одливи во определен временски период. Тој е нераскинливо поврзан со билансот на состојбата и затоа при анализа овие два биланса треба да се анализираат заедно. Така остварувањето на приходите е од сопствените средства (депозити, кредити, вложувања во хартии од вредност), а во исто време расходите потекнуваат од обврските (депозити, недепозитни обврски). Исто така дел од трошоците се од постојаните средства (згради, опрема), а финансискиот резултат се распределува на сопствениците на капиталот.
Равенка за изразување на рамнотежата
Бидејќи се работи за биланс постои рамнотежа која се изразува низ равенката: Приходи = Расходи +Добивка или Приходи + Загуба = Расходи
Овие равенства јасно ја отсликуваат суштината на билансот на успех т.е. целта да се утврди финансискиот резултат како разлика меѓу приходите и расходите. За билансот на успех постои со пропис утврден формат. Во меѓународни рамки изгледот и содржината на овие документи се пропишува со меѓународните сметководствени стандарди.Сашо Арсов, Финансиски менаџмент - Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 27-28
Пример за биланс на успех на една фирма
Во продолжение е даден пример за можен изглед на билансот на успех кај една фирма согласно со македонските прописи:
2007 2006 Приходи од продажба 146.551 136.820 Трошоци содржани во продадените производи 96.850 89.856 Бруто-добивка 49.661 46.964 Останати деловни приходи 10.360 8.663 Административни трошоци и трошоци на продажбата 33.120 34.288 Останати трошоци од работењето 10.263 6.968 Оперативна(деловна) добивка 16.638 14.371 Приходи од камати 0 643 Приходи од инвестиции 220 233 Расходи за камати 2.460 2.588 Курсни разлики(позитивни/негативни) 0 0 Вонредни приходи 1.360 650 Вонредни расходи 1.423 1.110 Неоперативни приходи/расходи -2.303 -2.172 Добивка пред оданочување 14.335 12.199 Данок на добивка 2.115 1.711 Нето-добивка12.30010.600Сашо Арсов, Финансиски менаџмент - Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 28
Делови кои го сочинуваат билансот на успех
Билансот на успех се состои од неколку сегменти. Секој од овие сегменти има одредено значење и дава финансиски резултат кој на своевиден начин ја отслукува успешноста во работењето.
Во првиот дел се содржани приходите од продадените производи во тековната година и трошоците кои се содржани во овие трошоци(директни трошоци). Нивната разлика ја дава бруто-добивката односно бруто-маржата.
Во следниот сегмент сместени се останатите деловни приходи и расходи кои не можат да се идентификуваат со конкретни производи. Тука се и индиректните или општи трошоци-трошоци за периодот за кој се составува билансот.Финансискиот резултат по овој сегмент се нарекува оперативна добивка (добивка од работење).
Ставките во третиот сегмент се ставки од надворешна природа на кои менаџментот речиси не може да влијае како камати, даноци и вонредни приходи и расходи. Резултат од овој сегмент е добивката пред оданочување. Данокот на добивка не одговара на износот на одреден процент туку се пресметува со посебен извештај-даночен биланс кој се изготвува за потребите на Управата за јавни приходи.
Нето-добивката е последната линија од билансот на успех која го претставува конечниот резултат од активностите на претпријатието во минатиот период.Сашо Арсов, Финансиски менаџмент - Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 29
Биланс на успех на банка
Рековме дека билансот на успех претставува преглед на приходите, расходите и финансискиот резултат од работењето (нето-добивката). Притоа финансискиот резултат не е ништо друго туку разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на банката:
Нето добивка = вкупни приходи – вкупни расходи
Вкупните приходи на банката се добиваат како збир на следните основни категории: каматните приходи, некаматните приходи и капиталните добивки. Каматните расходи на банката ги сочинуваат следните основни категории: каматни расходи, некаматни расходи, резервации за можни загуби на кредитите, капитални загуби и даноци.
Каматни приходи
Како основен и најважен извор на приходи на банките се јавуваат каматните приходи (interest income) и затоа тие се прикажуваат како прва ставка во билансот на успехот. Во оваа група спаѓаат каматата и другите надоместови што банката ги наплаќа на одобрените кредити. Притоа како каматоносни приходи се третираат само надоместоците што се директно поврзани со каматоносните инструменти, односно што претставуваат дел од нивната делотворна каматна стапка. Во оваа група спаѓаат: каматата што банката ја заработува на хартиите од вредност што таа ги држи во своето портфолио( државни записи , благајнички записи, државни обврзници, општински обврзници, корпоративни хартии од вредност итн); каматата на депозитите што банката ги вложила во други банки и финансиски институции; каматата на кредитите што банката ги дава на меѓубанкарскиот пазар; каматата заработена на репо трансакциите како и приходите од финансиски лизинг. Вообичаено најголем дел од каматните приходи отпаѓа на каматата на одобрените кредити, а значењето на другите каматни приходи зависи од структурата на средствата на банката.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 36
Каматни расходи
Каматните расходи(interest expenses) претставуваат прва расходна ставка во билансот на успех. Овие расходи претежно произлегуваат од каматата што банката ја плаќа на депозитите т.е. каматата на тековните сметки, депозитите по видување, орочените депозити итн.; каматата што ја плаќа на недепозитните обврски: кредитите земени на меѓубанкарскиот пазар, кредитите од централната банка, репо транскациите, издадените обврзници итн. ; каматата што банката ја плаќа на субординираниот долг. Како каматни расходи се третираат и надоместоците и другите трошоци што ги плаќа банката, а кои се директно поврзани со каматоносните инструменти, односно се дел од нивната делотворна каматна стапка. Нивното релативно значење зависи од структурата на изворите на средствата на банката, а вообичаено најголем дел од каматните расходи отпаѓа на каматата на депозитите.
Нето каматен приход
Нето каматниот приход(net-interest income) претставува разлика меѓу каматните приходи и каматните расходи и ја покажува успешноста на банката во извршувањето на нејзината основна функција – финансиското посредување.
Некаматни приходи
Во поново време сè поголемо учество во вкупните приходи на банките заземаат некаматните приходи(non-interest income). Тоа е последица на изумирање на традицијалното комерцијално банкарство и со поголемо ангажирање на банките во различни видови финансиски услуги. Тука спаѓаат провизите и надоместоците што банките ги нудат на своите клиенти како што се: посредување во домашниот и меѓународниот платен промет, отворање акредитиви и давање гаранции, управување со средствата, брокерски активности, посредување при издавањето на хартии од вредност, советодавни услуги, старателски активности итн. Понатаму спаѓаат и : остварените и неостварените курсни разлики од тргувањето со девизи, преведувањето во денари на ставките изразени во странски валути и бројни други приходи прикажани под името: "останати приходи од дејноста" како што се: наеми од оперативен лизинг, вложувања во подружници и придружени друштва, наплата на претходно отпишани побарувања итн.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 36-37
Некаматни расходи
Во групата на некаматни расходи(non-interest expenses) спаѓаат расходите што банката ги прави за извршување на редовните активности. Претставува многу разновидна категорија којашто вклучува ставки како што се: плати и други надоместоци за вработените, амортизација, трошоци за одржување, трошоци за енергија, матерјални трошоци, премии за осигурување на депозитите, трошоци на софтверот, премии за осигурување на имотот и на вработените, административни трошоци, трошоци на маркетинг, кирии, судски и адвокатски трошоци итн. Како најважна поединечна ставка во оваа група се јавуваат трошоците на вработените кои ги опфаќаат: нето-платите, придонесите за социјално осигурување, бонуси и награди, отпремнини итн. Како што се гледа , некаматните расходи се многу обемни и по правило ги надминуваат некаматните приходи на банките. Затоа разликата меѓу некаматните расходи и некаматните приходи се нарекува товар(burden) и банките постојано се трудат овие расходи да ги намалат што е можно повеќе, зашто тоа ја зголемува нивната профитабилност.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 37
Резервации за можни загуби на кредитите
Како многу значајна ставка во билансот на успехот позната под името "исправка на вредноста на финансиските средства" се јавуваат резервациите за можните загуби на кредитите(provision for loan losses). Всушност се работи за некаматни расходи што не предизвикуваат издатоци на парични средства, туку само се јавуваат како пресметковна категорија слично на амортизацијата. Имено на товар на вкупните приходи банките се обврзани да издвојат одреден износ за покривање на загубите што би можеле да ги претрпат на кредитите коишто ги одобриле. Резервациите за можни загуби на кредитите прикажани во билансот на успехот го претставуваат тековниот т.е. периодичниот придонес што банката го прави кон резервата за можните загуби на кредитите. За големината на овие расходи одлучува раководството на банката во зависност од проценката на квалитетот на кредитното портфолио, но притоа банката треба да се придржува кон прописите што ги носи централната банка. Ако банката смета дека средствата се изложени на поголем ризик ќе издвои поголем износ на резервации.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 37-38
Капитални добивки и загуби
Банката може да покаже поголем или помал финансиски резултат и врз основа на остварените и неостварените капитални добивки или загуби на финансиските средства за тргување , финансиските средства расположени за продажба и финанскиските деривати, при продажбата на недвижностите и опремата на баката. Во билансот се вклучени во ставките: нето-приходи од тргување , останати приходи од дејноста/ останати расходи од дејноста.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 38
Данок
На добивката пред оданочување(income before taxes) банката е должна да плати данок. Добивката на банката прикажана во билансот на успехот не ја прикажува целосно даночната основа( основата за пресметка на данокот на добивка).
Добивка
Откако ќе се пресмета данокот на добивка се доаѓа до крајниот финансиски резултат: нето добивка(income after taxes) или загуба доколку банката остварила негативен финансиски резултат.Органите на управување одлучуваат како ќе ја распределат добивката т.е. колкав дел ќе им се подели на акционерите во вид на дивиденда а колкав дел е остане во банката во вид на задржана добивка.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 38-39
Пример за биланс на успех на една банка