Дабовја — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Зашле. Претставува населба и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа на планинскиот срт помеѓу доловите Малински и Ралја, во горниот крај на нива на месен жител, каде се гледаат остатоци од топена железна руда, фрагменти од питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал (кршен камен).Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време; Караиче — населба и топилница од доцноантичко време; Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време; Кале — населба од средниот век; На Куќишта — некропола од доцноантичко време; Старо Кочиште — населба од средниот век; Зашле; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Зашле