Силк Роуд банка — македонска универзална банка која спаѓа во групата на мали банки во Македонија. Алфа банка е дел од групацијата на грчката "Алфа банк", а управувачкиот пакет акции е во целосна сопственост на Алфа банк АЕ од Атина. Алфа банка има 17 експозитури, од кои 7 се наоѓаат во Скопје, а поседува и 25 банкомати. Централата на Алфа банка се наоѓа во Скопје. Алфа Банка низ целата територија на Република Македонија, од кои 12 се во Скопје.
Историја
Алфа банка АД Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна банка АД - Скопје.
Во 2000 година Алфа банк АЕ Атина го откупила управувачкиот пакет на акции и станала доминантен акционер во Банката. Во 2002 година Алфа банк АЕ Атина го откупила и преостанатиот дел од акционерскиот капитал и со 100% од акциите станала единствен акционер во Алфа Банка АД - Скопје. Истата година банката го променила името од Кредитна банка АД - Скопје во Алфа банка АД - Скопје.
Во 2016 година, Алфа банка АД Скопје била продадена на Силк Роуд банка за 1,2 милиони евра.
Мисија
Мисијата на банката е сигурност, профитабилност, ефикасност и постојано квалитативно и квантитативно унапредување на производите и услугите.
Административна структура Управен Одбор
Андреас А. Галатоулас, претседател на Управен одбор - Главен извршен директор Милена П. Перчинкова, член на Управен одбор - Генерален директор
Надзорен Одбор
Христос Јабанас, претседател на Надзорен одбор Лазарос Папагарифалу, член Јоана Анагностопулу, член Јоанис Монастириотис, член Душан Туџаров, независен член, генерален директор на Реплек АД - Скопје Константинос Дердемезис, независен член, регионален директор за југоисточна Европа на Цементарница Усје АД - Скопје
Организациска структура
Алфа банка има вкупно 280 вработени. Алфа Банка АД Скопје како членка на голема меѓународна Групација, има политика на вработување на млади и амбициозни кадри, внимателно одбрани со цел исполнување на барањата и потребите на своите клиенти. Главните сектори во банката се: Деловна единица за работа со население Деловна единица за работа со корпорации и финансиски институции Деловна единица за оператини работи и информатичка технологија.Алфа банка АД Скопје - Систематизација
Групација Алфа банк
Групацијата Алфа банк е една од водечките групи на финансискиот сектор во Грција, со силно присуство во грчкиот и меѓународните банкарски пазаре. Групата нуди широк спектар на висококвалитетни финансиски производи и услуги, вклучувајќи банкарството на мало, банкарство на мали и средни претпријатија и корпоративно банкарство, управување со средства и приватно банкарство, дистрибуцијата на осигурителни производи, инвестициско банкарство, брокерство и управување со недвижен имот.
Матичната компанија и главна банка на Групацијата е Алфа банка, која била основана во 1879 од страна на Џон Ф. Костопулос. Алфа банка, банката што инспирира доверба и претставува доследна референтна точка во грчкиот банкарски систем, е една од најголемите банки на приватниот сектор, со широка мрежа од над 1200 сервисни центри во Грција и е една со највисоките стапки на адекватност на капиталот во Европа.
Значајни понови пресвртници во долгиот и успешен тек на Групацијата се: Стекнување на целиот акционерски капитал на Емпирики банк на 01.02.2013 година; Успешна докапитализација на банката, на 31.05.2013 година, што резултираше со зачувување на приватниот карактер на Алфа банка; Завршување на правното соединување со апсорпција на Емпирики банк на 28.06.2013 година и создавање на интегрирана Алфа Банка.
Финансиски показатели Банката има овластување за вршење на платен промет со странство. Позначајни активности на банката се одобрување кредити, примање депозити, обавување платен промет во земјата и во странство и посредување при купопродажба на девизни средства. Банката нема вложувања во подружници и придружени претпријатија. Основните финансиски показатели на Алфа банка за 2013 година се:. Почетен капитал - МКД 1.236.600.000 Издадени акции - 10 305 обични акции со номинална вредност на една акција од 120 000,00 денари Основен капитал - МКД 428 925 000 Дополнителен капитал 1 - МКД 196 800 000 Дополнителен капитал 2 - нема Сопствени средства - МКД 625 725 000 Адекватност на капиталот - 16,92% Потребен капитал за управување со ризиците: кредитен ризик - МКД 230 326 000 валутен ризик - МКД 12 719 000 оперативен ризик - МКД 52 767 000 Изложеност на кредитен ризик - МКД 52 767 000 Загуба за финансиската 2012 година - МКД 492 860 000
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на банката
Категорија:Банки во Македонија Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија