Малата писка () е долга коска латерално сместена од големата писка и заедно со големата писка ја сочинуваат потколеницата. Делови На малата писка се разликуваат: тело (); горен крај каде се наоѓа главата (), која преку зглобна површина се поврзува со латералниот кондил од големата писка; долен крај наречен глужд (), на кој се наоѓа зглобна површина за зглобување со скочната коска од стапалото. Зглобови Главата од малата писка се спојува со надворешниот кондил од големата писка и формираат полуподвижен тибиофибуларен зглоб, во кој се можни минимални движења на рамните зглобни површини. Долните краеви од малата и големата писка градат сврзен спој. Мускули Најповршински и најразвиен мускул од задната група мускули е триглавиот мускул на листот (), триглавиот мускул е составен од двоглав мускул (}) на листот и листен мускул (). Гастрокнемиусот тргнува со две глави од двата кондили на бутната коска, а солеусот тргнува од двете коски на потколеницата (тибија и фибула).

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски