мини|260п|Градското собрание и катедралата Св. Никола на средишниот плоштад во Грајфсвалд. мини|десно|Градското собрание погледнато од катедралата во Грајфсвалд, рибарскиот пазар во преден план, а главниот плоштад во позадина
Грајфсвалд (), служб. Универзитетски и Ханзин град Грајфсвалд (на германски Universitäts- und Hansestadt Greifswald) — град во североисточниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во Германија. Градот претставува административно седиште на новосоздадениот округ Западна Померанија-Грајфсвалд, создаден со административната реформа во 2011 година.
Се наоѓа на еднакво растојание од околу 250 километри од двата најголеми града во Германија, Берлин и Хамбург. Градот се наоѓа на Балтичкото Море, а низ самиот град тече малата река Рик. Исто така, градот се наоѓа во близина на двата најголеми острова во Германија, Риген и Узедом, и е близу до трите од 14. германски национални паркови. Порано бил урбан округ или слободен град, додека денес е сведен на окружен главен град.
Заедно со Штралзунд, Грајфсвалд создава еден од четирите високоурбани центри на Мекленбург-Западна Померанија.
Населението во градот изнесува 55.000 жители, вклучувајќи многу од 12.500 студенти и 5.000 вработени на Универзитетот во Грајфсвалд. Грајфсвалд е меѓународно познат поради истоимениот универзитет, неговата блиска Долина БиоКон, гасоводот Северен поток и проектите за јадрено соединување Венделштајн 7-Х.
Географија
Грајфсвалд е сместен во североисточниот дел на Германија, на приближна иста оддалечност од двата најголеми острова во Германија, Риген и Узедом. Градот е сместен во јужниот дел на Грајфсвалдскиот Залив, историскиот стар дел на градот е на околу 5 километри спротиводно по реката Рик, која поминува низ градот. Областа околу Грајфсвалд е главно рамна и едвај достигнува повеќе од 20 метри надморска височина. Двата острова, Кос и Римс, се исто така дел од Грајфсвалд. Три од четинаесетте национални паркови на Германија можат да се посетат од Грајфсвалд со автомобил за не повеќе од еден час возење.
Грајфсвалд е исто така приближно еднакво оддалечен од двата најголеми германски града, Берлин (240 км) и Хамбург (260 км). Најблиски поголеми градови се Штралзунд и Росток.
Крајбрежниот дел на Грајфсвалд на устието на Рик, именуван Грајфсвалд-Вик, се развил од рибарско село. Денес поседува мала плажа, марина и главното пристаниште во Грајфсвалд.
Градски делови
мини|десно|Карта на градските делови на Грајфсвалд
Градски дел(денешни) Градски дел(историски) Површина(ха) Жители1992 Жители2002 Жители2011 Зона „Грајфсвалд“ „Иненштат“(центарот) Иненштат 87,0 4.786 3.756 4.619 Штајнбекерфорштат 349,6 185 211 385 Флајшерфорштат 52,7 3.565 3.083 4.317 Нердлихе Миленфорштат 173,8 4.400 4.149 4.389 Зидлихе Миленфорштат,Обстбаузидлунг 108,1 5.449 4.608 5.436 Фетенфорштат,Штатрандзидлунг 657,3 2.265 3.209 4.006 Индустригебит 634,7 785 696 817 Зидштат (види подолу) Зона „Грос Шенвалде“ и „Којтенхаген“ (припоени 1974) „Шенвалде II“ Грос Шенвалде(вкл. Којтенхаген) 580,8 310 1.055 1.070 Шенвалде II 88,0 13.525 9.065 8.583 „Шенвалде Iи Зидштат" Шенвалде Iи Зидштат 132,1 15.236 11.396 10.740 Зона „Елдена“, „Ладебов“ и „Вик“ (1939), „Фридрихсхаген“ (1974), „Римс“ (1957) „Елдена“ Елдена 675,5 1.319 2.163 2.242 „Остзефиртел“ Остзефиртел 219,7 10.657 7.258 6.075 „Вик/Ладебов" Ладебов 544,4 578 525 681 Вик 44,2 378 458 418 „Фридрихсхаген“ Фридрихсхаген 436,5 142 207 202 „Римс“ Римс/остров Кос 233,6 1.020 665 545
Соседни општини
Грајфсвалд се граничи со следниве општини (почнувајќи од десно, надесно): Мезекенхаген, Нојенкирхен, Лесин, Кемниц, Дидрихсхаген, Вајтенхаген, Хинрихсхаген, Левенхаген и Вакеров (сите општини во округот Западна Померанија-Грајфсвалд).
Клима
Историја Рана историја
мини|лево|Манастирот Елдена бил основан во 1199. Денес се останати само руини од него.
Грајфсвалд бил основан во 1199 година, кога цистерцијанските монаси го основале манастирот Елдена. Во 1250, Вартислав III му доделил градски права на Грајфсвалд.
Средниот век и реформацијата
мини|upright|Ќелија
мини|Источната страна на историскиот стар дел на градот (погледната од кулата на катедралата)
Во средновековни времиња, територијата на Грајфсвалд била ненаселена пошумена област, која претставувала граница помеѓу данското Кнежевство Риген и померанското Грофовија Гицков, кое во тоа време било исто така под данска власт. Во 1199, ругенскиот принц Јаромар I им дозволил на цистерцијанските монаси да го изградат манастирот Хилда, сега манастир Елдена, на устието на реката Рик. Помеѓу земјите кои им биле доделени на монасите била и природната солана, во близина на реката, место низ кое поминувал и важниот трговски пат Вија Регија. Ова место било именувано Грип(хе)сволд(е) (Gryp(he)swold(e)), кое претставува долногермански претходник на современото име на градот. Меѓутоа, легендата вели дека на монасите им било покажано најдоброто место за населување од моќниот грифон, кој поставил дрво кое се претпоставувало дека израснало на најстарата улица во Грајфсвалд, „Шухаген“ (Schuhagen). Изградбата на градот се одвивала врз основа на шема на правоаголни улици, со цркви и плоштади во средишните места. Првично бил населен со Германци во текот на нивното населување на овие простори, но биле привлечени и доселеници од други народи и Вендите.
Трговијата со сол му помогнала на манастирот Елдена да стане високо влијателен верски центар, а Грајфсвалд станал добро познат пазар. Кога Данците ги препуштиле померанските земји јужно од Рик, откако ги загубиле во Битката кај Борнхефед во 1227, градот станал место од особен интерес на померанските војводи. Во 1241, ругенскиот принц Вислав I и померанскиот војвода Вартислав III му доделиле пазарни права на Грајфсвалд. Во 1250, војводата му доделил градска права на Грајфсвалд, откако дозволил да се припои градот како феуд на манастирот Елдена во 1248.
Кога Јаско Залцведелски од Гицков го основал францисканскиот манастир во рамките на ѕидините на Грајфсвалд, цистерцијанците од Елдена го изгубиле поголемиот дел од влијанието на понатамошниот развој на градот. Веднаш зад западните граници на Грајфсвалд, никнувало ново предградие, во вид на град, (Neustadt), одвоен од Грајфсвалд со каналот. Во 1264, Нојштат бил припоен, а каналот бил пополнет.
Манастирот Елдена и други градби во Грајфсвалд биле изградени со тули во готски стил.
Доживувајќи силен пораст на населението, Грајфсвалд станал еден од најраните членови на Ханза кон крајот на век, со што дополнително се развила трговијата и богатството. По 1296, граѓаните на Грајфсвалд не требало повеќе да служат во војската на Померанија, а померанските војводи не престојувале во градот.
Во 1456, градоначалникот на Грајфсвалд Хајнрих Рубенов ги поставил темелите на еден од најстарите универзитети во светот, Грајфсвалдскиот универзитет, кој бил еден од првите во Германија, и периодично, бил настар во Шведска и Прусија, соодветно.
При реформацијата, манастирот Елдена престанал да ја извршува својата функција. Неговите поседи припаднале на померанските војводи; тулите од неговите готски градби биле искористени од месното население за друг градби. Елдена го изгубила својот одвоен статус и подоцна била припоена во градот Грајфсвалд. Верските објекти во рамките на градските ѕидини, манастирите на црните фратри (доминиканци) во северозападниот дел и на сивите фратри (францисканци) во југоисточниот дел, биле секуларизирани. Зградите на доминиканците („црниот манастир“) биле претворени во универзитет; местото сè уште се користи како дел од средновековниот кампус. Францисканскиот манастир („сивиот манастир“) и неговите подоцнежни градби сега се дел од Померанскиот покраински музеј.
Во текот на Триесетгодишната војна, Грајфсвалд бил окупиран од царските сили од 1627 до 1631, и потоа од шведските сили.
1631/48—1815: Шведска
мини|Грајфсвалд во 1652 мини|Живиот плоштад на Грајфсвалд (Marktplatz)
Кога шведските сили влегле во Војводството Померанија во 1630 и постепено биле истуркувани царските сили, Грајфсвалд станал последното царско упориште во Померанија. Бил опколен од Шведска на 12 јуни 1631 и поразен на 16 јуни, кога царскиот командант Перузиисто така Перуци, Перус; бил убиен во текот на јавање. Густав II Адолф Шведски дури и се вратил од Бранденбург да ја надгледува опсадата и по неговото пристигнување ја добил универзитетската почит за слобода. По Триесетгодишната војна (1618–1648), Грајфсвалд и областа околу него, службено станал дел од Кралството Шведска како последица на војната. Шведска Померанија, како што била тогаш наречена, останала дел од шведското кралство до 1815, кога станала дел од Прусија, како Покраина Померанија.
Триесетгодишната војна предизвикала појава на глад низ цела Германија и до 1630, населението на Грајфсвалд се намалило за две третини. Многу градби останале празни и започнале да се распаѓаат. Наскоро се случиле други војни: Шведско-полска војна и Шведско-бранденбуршка војна, во кои бил вклучен тогашниот шведски град Грајфсвалд. Во 1659 и 1678, трупите на Бранденбург го бомбардирале градот. Првите бомбардирања главно се случиле во североисточниот дел на градот, кога 16 куќи биле запалени. Второто бомбардирање срамнило 30 куќи и оштетило уште стотици низ целиот град. Топовските ѓулиња од ова второ бомбардирање сè уште можат да се видат во ѕидините на Црквата Св. Богородица.
Во текот на Големата северна војна (1700–1721, градот бил вклучен во 1711–1713), Грајфсвалд бил дом на многу војници, кои уништиле неколку домови. Кога бил опколен соседниот Штралзунд, рускиот цар Петар Велики се здружил со Џорџ I со Грајфсвалдскиот договор. Во 1713, градското собрание и шталите биле запалени. Во 1736, уште поголем пожар уништил 26 куќи и оштетил неколку куќи. Веќе во 1669 и 1689, шведската влада издала декрет (Freiheitspatente) кој го иззел од данок секој кој градел или обновувал куќа. Овие декрети важеле, иако често изменувани, до 1824.Felix Schönrock's studies in: Frank Braun, Stefan Kroll, Städtesystem und Urbanisierung im Ostseeraum in der frühen Neuzeit: Wirtschaft, Baukultur und historische Informationssysteme: Beiträge des wissenschaftlichen Kolloquiums in Wismar vom 4. Und 5 септември 2003,2004, pp.184ff, ISBN 3-8258-7396-X, 9783825873967,
Во 1763 била основана ботаничката градина во Грајфсвалд.
1815—денес: Германија
center|700п|мини|Главниот плоштад (Marktplatz) мини|Сликарот Каспар Давид Фридрих (1774–1840) го овековечил неговиот роден град во неколку негови слики („Ливада кај Грајфсвалд“ (Wiesen bei Greifswald), 1820). мини|Жена на рибарскиот бунар од Јо Јастрам во 20 век
Во текот на 19 век Грајфсвалд, познат како Грифија („Gryfia“) на полски бил еден од главните центри на полските студенти во ГерманијаS. Wierzchosławski, Polskie organizacje studenckie na uniwersytecie w Gryfii w drugiej połowie XIX i początkach XX wieku, Studia Historica Slavo- Germanica T. X — 1981, s. 127 – 140 По Вроцлав и Берлин, Грифија бил трет најголем град по број на полски студенти.Die Universität Greifswald in der Bildungslandschaft des Ostseeraums, стр. 372 Dirk Alvermann, Nils Jörn, Jens E. Olesen
Околу 1900, градот по првпат од средниот век значително се проширил надвор од старите градски ѕидини. Исто така, голема железничка линија го поврзала Грајфсвалд со Штралзунд и Берлин, а подоцна била изградена и локална железничка линија до Волгаст.
Градот ја преживеал Втората светска војна без многу уништување, иако бил дом на голем воен гарнизон. Во текот на војната во градот се наоѓал камп за затвореници, наречен Сталаг II-CJewish Library Nazi POW Camps Во април 1945, Оберст Рудолф Петерсхаген го предал градот на Црвената армија без борба.