Базел II (англиски: Basel II) или Нова базелска спогодба, е наследник на првата Базелска спогодба за капиталот. Taa e комплексна методологија за утврдување на адекватноста на капиталот, којашто во голема мера одговара и произлегува од тековните состојби на меѓународните финансиски пазари. Имено, појавата и развојот на новите банкарски производи и инструменти и новите методи за управување со банкарските ризици наметнале потреба за сериозни промени во Капиталната спогодба од 1988 година, со која се воспоставуваат основните принципи за утврдување на потребниот износ на капитал за покривање на ризиците на кои е изложена една банка во своето работење. Како резултат на ваквите движења и промени, Базелскиот комитет за банкарска супервизија во 1999 година го започнал процесот на ревизија на Капиталната спогодба, заради развивање на нова рамка за утврдување на капиталната база.Нова капитална спогодба (Базел II), НБРМ. Новите правила биле ревидирани во јануари 2001 и во април 2003 година, а исто така, биле направени неколку квантитативни студии за ефектите кои предложените правила би ги имале врз банките.John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 336. Во јуни 2004 година, Базелскиот комитет го усвоил конечниот текст и го објавил документот „Базел II: Меѓународнa конвергенција за мерење на капиталот и капитални стандарди: ревидирана рамка“ (International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: А Revised Framework),BCBS, „International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: A Revised Framework“, Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2004. а во јуни 2006 година, Комитетот го објавил документот „Базел II: Меѓународнa конвергенција за мерење на капиталот и капитални стандарди: ревидирана рамка-сеопфатна верзија“ (International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: А Revised Framework - Comprehensive Version)BCBS, „International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: A Revised Framework-Comprehensive Version“, Basel: Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2006. чија службена примена почнала во 2007 година.
Цели на Базел II Новата капитална спогодба, Базел II, пред себе ги поставила следните цели: Сигурност дека алокацијата на капиталот е повеќе чувствителна на ризикот; Подобрување на барањата за транспарентност, што ќе придонесе учесниците на пазарот да ја проценат адекватноста на капиталот; Осигурување дека кредитниот, оперативниот и пазарниот ризик се квантифицирани врз основа на соодветни податоци и техники; Обид за подобро усогласување на економскиот и регулаторниот капитал со цел да се намали обемот на регулаторна арбитража.
И покрај настојувањата да се следат овие цели, сепак постојат одредени отстапувања во поглед на потребната големината на капиталот.
Структура на Базел II Структурата на Базел II ја сочинуваат три столба, дефинирани како: минимум потребен капитал, супервизија и пазарна дисциплина.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 275.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 72 и 203.
Прв столб: Минимален потребен капитал Во првиот столб се дефинираат основните компонетите коишто се користат за утврдување на адекватноста на капиталот: гарантниот капитал и активата пондерирана според ризикот. Новата капитална рамка предвидува промени во начинот на утврдување на ризично-пондерираната актива, додека начинот на утврдување на гарантниот капитал останува ист како и во постојната капитална рамка. Промените во утврдувањето на ризично-пондерираната актива се однесуваат на промени во третманот на кредитниот ризик и на вклучувањето на оперативниот ризик.
Кредитен ризик За пресметка на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик, Базел II предлага три пристапи:Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 139-142.John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 337-346. Стандардизиран пристап (Standardized Approach) Основен пристап заснован врз внатрешен рејтинг (Foundation Internal Ratings-based Approach) и Напреден пристап заснован врз внатрешен рејтинг (Advanced Internal Ratings-based Approach) Стандардизираниот пристап претставува варијанта на пристапот од Базел I, меѓутоа предвидува поширока лепеза на пондери за кредитниот ризик, во зависност од видот на кредитната изложеност (држави, банки, фирми, итн.), а притоа пондерите зависат од кредитниот рејтинг на должниците.
Табела 1: Пондери за ризик на кредитната изложеност кон држави, банки и претпријатијаJoël Bessis, Risk Management in Banking (second edition). Chichetser, UK: John Wiley and Sons, 2002, стр. 43-44.John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 338. Кредитен рејтинг од ААА до АА- од А+ до А- од ВВВ+ до ВВВ- од ВВ+ до BВ- од B+ до В- под В- Нерангирани Пондер за ризик за држави 0% 20% 50% 100% 100% 150% 100% Пондер за ризик за банки 2% 50% 50% 100% 100% 150% 50% Пондер за ризик за претпријатија 2% 50% 100% 100% 150% 150% 100%
При примената на пристапот на внатрешно рангирање, банката најпрвин треба да ги класифицира сите кредитни изложености во следниве групи: држави, банки, фирми, банкарство на мало, проектно финансирање и капитални вложувања. Двата пристапа засновани врз внатрешниот рејтинг им дозволува на банките самите да го пресметаат кредитниот ризик со употреба на нивните внатрешни модели. Притоа, овие два пристапа вклучуваат пресметка на неколку елементи: веројатноста за неплаќање (Probability of default, PD), загубата во случај на неплаќање (Loss given default, LGD), изложеноста во случај на неплаќање (Exposure at default, EAD) и делотворната рочност (Maturity). Притоа, во основниот пристап, банките сами ја пресметуваат само веројатноста за неплаќање врз основа на податоците за најмалку пет години, додека другите елементи се зададени од страна на супервизорот. Во напредниот пристап, банките ги пресметуваат сите елементи врз основа на податоците за најмалку седум години. Исто така, во напредниот пристап, банката сама ја одредува делотворната рочност на кредитната изложеност, додека во основниот пристап се применува единствен урнек за сите изложености. За да ги применат двата напредни пристапа, банките мора да исполнат определени услови, зададени од страна на супервизорот.Joël Bessis, Risk Management in Banking (second edition). Chichetser, UK: John Wiley and Sons, 2002, стр. 44-45.
Оперативен ризик Вклучувањето на оперативниот ризик во основата за пресметка на капиталната база, претставува една од најзначајните новини на Базел II. Оперативниот ризик е многу значаен ризик на којшто се изложени банките, поради што тие треба да имаат соодветна заштита од евентуалните загуби коишто би можеле да настанат како резултат на овој ризик. Оттука, предвидена е примена на три различни методологии за вклучување на оперативниот ризик во утврдувањето на капиталната база:John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 346. базичен индикатор; стандарден пристап; и напреден пристап за мерење.
Според првиот пристап, потребниот капитал за покривање на оперативниот ризик се пресметува така што просечниот годишен бруто-доход на банката во претходните три години се множи со 0,15. Вториот пристап е сличен на првиот, меѓутоа наместо единствениот пондер од 15% се предвидени различни пондери за одделните деловни линии на банката. Според третиот пристап, банката применува сопствен модел за пресметка на загубата од оперативен ризик при ниво на доверба од 99,9%.
Регулаторен капитал Во однос на пресметката на регулаторниот капитал, Базел II прави разлика меѓу три нивоа на капитал:Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 204-205. Капитал од нивото 1 (Tier 1 Capital): Тој го претставува најважниот и најквалитетниот дел од капиталот, а негов основен дел е акционерскиот капитал, а под одредени услови, кон него се додаваат и некои хибридни форми на капитал. Капитал од нивото 2 (Tier 2 Capital): Тој се состои од општите резерви на банката заедно со субординираниот долг. Притоа, овој капитал не може да биде поголем од капиталот од нивото 1. Капитал од нивото 3 (Tier 3 Capital): Овој капитал содржи разни облици на субординиран долг (кои не се вклучени во капиталот од нивото 2), кон кои може да се вклучи и добивката од трговските активности. Меѓутоа, капиталот од ова ниво може да се користи само за покривање на пазарниот ризик. Во продолжение, при пресметката на регулаторниот капитал, некои ставки се одбиваат од горните три нивоа на капитал. На пример, такви ставки се: гудвилот, вложувањата на банката во подружници (под одредени услови), вложувањата во капиталот на други банки итн.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 205.
Втор столб: Надзор над адекватноста на капиталот Вториот столб се однесува на процесот на супервизија на адекватноста на капиталот, како и на моделите и методите кои банките ги користат за управување со ризиците. Институциите за супервизија треба да утврдат дали банките формираат адекватен капитал во согласност со прописите. Овие институции ги контролираат и интерните методи кои банките сами ги создале и усвоиле. Тие обично очекуваат од банките да ја одржуваат адекватноста на капиталот на ниво повисоко од пропишаното, минималното, односно на ниво кое одговара на ризиците на кои е изложена конкретната банка. Така, супервизорите треба да ги поттикнат банките самостојно да ги мерат и контролираат ризиците, преку изградба на внатрешни системи, процедури и стратегии.
Исто така, вториот столб разработува некои прашања што не се опфатени со првиот столб, како: Каматниот ризик на банкарската сметка. Базелскиот комитет го смета каматниот ризик за исклучително важен при што националните супервизори имаат право да им наметнат обврска на банките да го намалат нивото на изложеност или да издвојат соодветен капитал за покривање на овој ризик. Стрес-тестирање. Банките што ги применуваат пристапите за пресметка на кредитниот ризик засновани врз внатрешните модели треба да спроведуваат стрес-тестирање и да обезбедат дополнителен капитал ако овие тестови ја покажат потребата за тоа. Дефиниција за неплаќање на обврските (Deafult). Базелскиот комитет го дефинира неплаќањето на обврските како настан што ги исполнува еден од следниве два услова: прво, банката утврдила дека должникот не ќе може целосно да ги исплати своите обврски кон неа, без таа преземе мерки за присилна наплата на своето побарување (на пример, преку активирање на обезбедувањето) или второ, должникот доцни во исплатата на која и да било обврска повеќе од 90 дена. Притоа, банките мора да ја користат оваа дефиниција за неплаќање во нивните внатрешни пресметки на веројатноста за неплаќање, загубата при неплаќање и изложеноста при неплаќање. Резидуален ризик (Residual risk). Првиот столб на Базел II им дава можност на банките да го намалат кредитниот ризик со примена на соодветни инструменти (обезбедување, кредитни деривати, итн.), но и покрај тоа, може да постои резидуален ризик, т.е. поголема изложеност на ризик од првобитно пресметаната. Оттука, супервизорите мора да проверат дали кредитните политики на банките овозможуваат тие целосно да го покријат кредитниот ризик или пак останува некаков резидуален ризик.