Над Селото — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Ново Село. Претставува населба со црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 400 м западно од селото. Според преданијата тоа било некогашното „Черкеско Село“. Што се однесува до Ново Село, тоа лежи во кругот на манастирот кој е на 300 м исто така западно од селото. Остатоците од манастирската црква се гледаат и имаат димензии од 10×5 м. Црквичката била градена од кршен камен и варов малтер. Околу неа се откриени гробови од камени плочи со насоченост исток-запад. Според кажувањето на мештаните, во гробовите биле наоѓани српови, керамички садови и други прилози кои денес не се зачувани.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Видрауци — населба и некропола од средниот век; Над Црквата — црква од средниот век; Ракински Дол — населба и некропола од средниот век; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Ново Село (Демирхисарско) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола