Поврзано
Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Радово. Претставува населба, некропола и рудник од римско време. Се наоѓа на 1,5 км северно од селото, во месноста Долна Ливада каде има рудник за мермер со разни бои (бела, сина, сива и розова). Околу него има траги од рударска населба на која упатуваат фрагментите од керамички садови, имбрекси и покривни ќерамиди што се видливи по површината. Во нива ма еден месен жител на селото биле откопани повеќе гробови кои претставуваат дел од некропола.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Клаинец — некропола од средниот век; Краста — некропола од средниот век; Манастириште — црква од средниот век; Радово; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Радово (Демирхисарско) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на рудник