Лука Групче — македонски револуционер и учител од Охрид. Охридски и струшки војвода на ВМОРО.

Биографја

Роден е на 19 октомври 1874 г. Доаѓа од познатиот охридски род Групчеви (Групчe)Енциклопедија Македоника, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 408. Завршува гимназија во Софија, а потоа учителствува во Охрид и Ресен. Од 1903 година преминува во нелегалност, и за кратко е четник при Тома Давидов. Учествува на Смилевскиот конгрес на ВМОРО како претставител на Охридскиот реон, каде што е избран за член на Охридското горско началство. Секретар е на четатата на Јаким Алулов и потоа самостоен војвода во струшкото село Дримкол за време на Илинденското востание..

По Востанието пребегнува преку Албанија и Црна Гора во Бугарија, каде што потоа работи како секретар на 3-та женска гимназија во Софија. Во 1904 година се вклучува во Задграничното претставителство на ВМОРО.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, 2006, стр. 188. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 9-та велешка дружина. За покажаната храброст добива сребрен медал. Во Охридско-Дебарското востание во септември 1913 година Групчев влегува во привремената управа на Охрид.

1938-1939 година, заедно со Лазар Томов и Христо Танушев е член на редакциониот комитет на списанието „Илустрација Илинден“.Български периодичен печат 1878-1944. Анотиран библиографски указател, т. І, А-М, Софија 1962, с. 372.

Починал во Софија, на 30 јули 1947 г.

Поврзано Иван Групчев Климент Групчев Асен Групче

Наводи

Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија) Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Родени во 1874 година Категорија:Починати во 1947 година