КБ Прво пензиско друштво АД Скопје — македонско трговско друштво за управување со пензиски фондови. Друштвото е основано во 2005 година од страна на Комерцијална банка АД Скопје и Прва покојнинска дружба (сега Prva Group plc) од Љубљана, Словенија.

Организација и менаџмент на КБ Прво пензиско друштво КБ прво пензиско друштво произлегло како дел од реформите во пензискиот систем во Република Македонија. Тоа било оновано во 2005 година од страна на Комерцијална банка АД Скопје и Прва покојнинска дружба од Љубљана. Друштвото е организирано како акционерско друштво чии сопственици се неговите основачи.

Менаџерска структура Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво е Јанко Тренкоски.„КБ „Прво пензиско друштво“ со награда за најдобар пензиски фонд“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 10.

Цели на КБ Прво пензиско друштво Целта на КБ прво пензиско друштво е да ги заштити интересите на членовите на фондовите, да овозможи сигурност на нивните средства и да создадат профит со соодветно инвестирање на прибраните придонеси. Работејќи на остварување на својата цел, КБ прво пензиско друштво, на своите членови на Фондовите им нуди: СИГУРНОСТ – работејќи согласно строгите законски одреби и под контрола од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и банката чувар), СТАБИЛНОСТ - КБ прво пензиско друштво произлегува од партнерството на две моќни и угледни финансиски институции - Комерцијална банка АД Скопје и Prva Group plcPrva zavarovalnice ki holding dd. Ljubljana, кои се одликуваат со голема банкарска традиција и искуство во управување со пензиски фондови, СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – со друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови, ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – друштвото располага со широко распространета мрежа на обучени агенти, ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – друштвото е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување.КБ прво пензиско друштво

Задолжително пензиско осигурување преку КБ прво пензиско друштво

На секој осигуреник кој склучил договор со КБ Прво пензиско друштво му се отвора лична сметка на која се кумулираат средствата од придонесите за пензиско осигурување кои се издвојуваат на товар на неговата плата. На личната сметка се евидентира и целокупниот остварен принос од инвестициите во согласност со учеството на средства на членовите во вкупните средства на фондовите. Секој осигуреник уплаќа на личната сметка дел од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, во износ од 6.3 % од бруто платата. Тие средства не се користат за исплата на туѓи пензии, туку се лични средства што се користат како дел од пензијата која осигуреникот ќе ја добива по пензионирањето. Овие средства може да се предмет на наследување, што не е случај во едностолбниот систем.

Сите средства што се уплаќат на личната сметка се дел од личниот имот на осигуреникот и тие не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на КБ прво пензиско друштво, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица, освен во случаи што се строго наведени со законските прописи.

Комплетен увид во состојбата на средствата на членовите Преку достава на редовни годишни извештаи за состојбата на средствата на поединечната сметка на членовите во Задолжителниот пензиски фонд и/или доброволната поединечна/професионална сметка во Доброволниот пензиски фонд, на личната адреса на членовите, секој член на пензискиот фонд има комплетен увид на средствата на личната сметка, бројот на сметководствени единици и вредноста на сметководствената единица на Фондовите. Со дополнителната можност за on-line известување има можност за брз, бесплатен, современ и едноставен начин за увид во сметката во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје. Со тоа, секој член на пензиските фондови има информации за редовноста на уплатите на сметка, бројот на сметководствени единици, крајната состојба на средствата на сметката во Фондот.

Професионално управување со средствата на членовите Со пензиските фондови управувани од КБ пензиско друштво управуваат стручни и искусни лица, вложувајќи ги средствата во сигурни финансиски инструменти, согласно законските прописи, што овозможува сигурност и одреден принос на вложените средства и со што се создава можност за раст на идните пензии на членовите на фондовите.

Пензија од три извори Реформираниот пензиски систем обезбедува поголема сигурност на тој начин што финансирањето на пензиите се врши од трите столба: Фондот за ПИОМ, задолжителниот пензиски фонд од вториот столб и доброволниот пензиски столб во третиот пензиски столб. Делот од пензијата што се исплатува од првиот столб се пресметува според однапред одредена формула врз основа на висината на платите и должината на работниот стаж. Вториот дел од пензијата се исплатува од задолжителна поединечната сметка на членот во Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво, како дел од вториот столб на системот за пензиско осигурување. Третиот дел од пензијата се исплатува од доброволна поединечна сметка или професионална сметка на членот во Доброволниот пензиски фонд, како еден од изворите во рамките на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување – трет столб на пензискиот систем.

Инвестирање согласно законските прописи Инвестирањето на средствата на КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд–Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд–Скопје се врши според строго утврдени правила, едновремено почитувајќи ги принципите на сигурност, диверсификација на ризикот и одржување ликвидност на средствата на Фондовите. Инвестирањето на средствата е под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, додека пак, банката чувар на имот безбедно ги чува средствата на Фондовите, одделно од средствата на Друштвото.

КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски фонд) е називот на задолжителниот пензискиот фонд кој е основан и управуван од страна на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. На 31 декември 2013 година, во овој фонд членувале 183.711 лица. Една година подоцна, во фондот членувале 195.358 осигуреници, кои во фондот имале акумулирано заштеди од вкупно 288 милиони евра.„Пензиските друштва им заработија 100 милиони евра на идните пензионери“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 7. На крајот од 2015 година, во задолжителниот пензиски фонд членувале 198.402 осигуренци чии вложиле во фондот вкупно 347 милиони евра.„До крајот на март 198.402 граѓани ќе добијат извештај за пензиската заштеда од КБ прво пензиско друштво“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 8.

Во периодот 31 декември 2006 - 31 декември 2013 година, на инвестираните средства на КБ прв отворен задолжителен фонд бил остварен просечен номинален принос од 5,41%, или просечен реален принос од 2,37%.„Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година“. Набљудувано во периодот од 31.12.2007 година до 31.12.2014 година, фондот остварил просечен годишен принос од 5,21% (номинално), т.е. 3,05% (реално).„Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година“. Остварениот просечен годишен принос во периодот 1.1.2009 – 31.12.2015 изнесувал 7,21% (номинален) и 5,8% (реален).„Информатор за работата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје – 2 столб) во 2015 година“, стр. 1. Остварениот просечен годишен принос во периодот 31.12.2011 – 31.12.2018 изнесувал 6,01% (номинален) и 4,8% (реален).„Информатор КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје 2018“, стр. 1. Во периодот 31.12.2012- 31.12.2019, фондот остварил просечен номинален принос од 6,29% и просечен реален принос од 5,72%,„Информатор КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје 2019“, стр. 1. додека номиналниот и реалниот принос во периодот 31.12.2013 - 31.12.2020 изнесувале 5,75 % и 5,06 %, соодветно.„Информатор КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје 2020“, стр. 1. Просечниот остварен номинален принос во периодот 31.12.2015 - 31.12.2022 изнесувал 5,05 %, додека реалниот принос изнесувал 1 %.„2022 Информатор КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје“, стр. 1.

„Прв задолжителен пензиски фонд“ го сочинуваат уплатените средства од придонесите на неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, и приносот од инвестиициите. Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови, а нивните поединечни сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во фондот. Средствата на „Прв задолжителен пензиски фонд“ се целосно издвоени од средствата на „КБ Прво пензиско друштво“ АД Скопје и се доверени на чување на банката-чувар на имот. Ова подвојување на средствата е направено со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата. Средствата на „Прв задолжителен пензиски фонд“ не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на „КБ Прво пензиско друштво“ или во нивно име.

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се инвестираат согласно строго утврдени законски правила и други прописи од областа на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и согласно инвестиционата стратегија и инвестиционата тактика на Фондот. Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и одржување на адекватна ликвидност.

Инвестиционо портфолио Табела 1: Структура на портфолиото на КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд (31.12.2013)Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.

Финансиски инструменти Износ (во денари) Учество (во %) Домашни државни обврзници 8 901 202 159 61,99 Депозити во домашни банки 1750 978 159 12,19 Домашни акции 424 163 857 2,95 Акции и удели во странски инвестициски фондови 3258 430 089 22,69 Побарувања 22 248 146 0,15 Парични средства 2 946 113 0,02 Вкупно средства 14 359 968 523 100,00

Притоа, во однос на географската структура на инвестираните средства, во 2013 година, најголем дел од средствата биле инвестирани во македонски финансиски инструменти (77,31%), а потоа следеле германските и американските финансиски инструменти (11,49% и 11,20%, соодветно). Во 2014 година, 72% од средствата на фондот биле инвестирани во македонски финансиски инструменти, 11,36% во американски, 6,15% во германски, 2,27% во француски, 1,88% во британски инструменти итн.Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година. На 31 декември 2014 година, средствата на фондот достигнале 17,738 милијарди денари, од кои 10,612 милијарди денари (59,83% од вкупните средства) биле инвестирани во државни обврзници, 4,95 милијарди денари (27,91%) во странски индексни фондови, 1,481 милијарди денари (8,35%) во депозити кај банки и 447 миллиони денари (2,52%) во акции на македонски компании.Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година. На 31.12.2015, вкупните средства со кои управувал фондот биле 21.440.206.958 денари,„Информатор за работата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје – 2 столб) во 2015 година“, стр. 2. а во структурата на активата на фондот, најголем дел (61,62%) заземале македонски државни обврзници, 29,31% било учеството на странските акции преку индексните фондови, 5% биле вложени во вид на депозити во македонски банки и 2,15% во македонски акции.