V.I.S. - VOX (Вокално инструменталниот состав - Вокс) е составен од музичари, автори и ентузијасти, кои биле активни на македонската и југословенската рок сцeна во 80 – те и 90 – те години.
Основата на бендот се поранешни членови на “Гино де Гаги и нивните страсти”.
V.I.S. – VOX настана во зимата 2011/2012 година, во состав: Марјан Бојаџиев - Mayo Vox, Петар Јанков - PJ (Ex: DDT и Архангел), Драган Гиновски – Гино (Ex: Архангел) и Ѓоко Мишковски (Ex: Хаос ин Лаос). Првата демо снимка ја направија на Теодорова Сабота, Март 2012 година со Борис Ставров, како вокал. Поради зафатеност, Борис Ставров се повлече, а не негово место настапи Рубин Кантарџиоски (Ex: Don’t! Who? One?)
V.I.S. –VOX работеа со „сезонски паузи“ и во периодот март`2012 – септември`2013, подготвија и снимија осум композиции (на англиски и македонски јазик). Овие песни го сочинуваат албумот „Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде“
Во првата половина на 2014., го завршија и издадоа албумот со осум инструментални композиции "Refractions"
Во Април 2016 та година го издадоа синглот „Време на заборав“. Истиот беше пласиран на I во место на Топ Листата SkySelection.
Членови Марјан И. Бојаџиев (клавијатури, композиции, текстови); Петар Јанков (бас гитара, композиции, аранжман, програмирање на ритам секција); Драган Гиновски – Гино (гитари, композиции, аранжман, Sound Engineer & Producer); Ѓоко Мишковски (клавијатури, аранжман, Sound Engineer & Producer); Рубин Кантарџиоски (вокал). Денко Матевски, гитара ( 2016-)
Албуми „Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде“ (2013) „Refractions“ (2014)
Надворешни врски Официјално мрежно место VIS-VOX - YouTube www.cdbaby.com/cd/visvox Timemachinemusic V.IS. - VOX No.1 on Chart
Категорија:Рок музички групи Категорија:Indie Bands