Цуцул — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од римско време и среден век. Се наоѓа на 3,5 км јужно од селото, на левиот брег на реката Треска на просторот околу осамената карпа „каменот Цуцул„ и западно од него до Голема Пеш, каде егзистирала мала римска и рано средновековна населба. Како површински наоди се среќаваат монети од 4 век, фрагменти од римска керамика и урнатини од средновековната населба и населбинска керамика, алатки и орудија за работа.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Голема Пеш — населба од палеолитско време; Бошевци — црква и некропола од средниот век; Градиште — населба од доцноантичко време; Подградец — населба од доцноантичко време; Св. Недела — црква и некропола од средниот век; Оча — некропола од раниот среден век; Црквиште — црква од средниот век; Куклојца — населба од доцноантичко време и среден век; Потпетрушка — светилиште од ран среден век; Засечишта — населба од средниот век; Старо Село — населба и некропола од средниот век; Здуње; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Здуње (Порече)