Падиште — археолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото, на високо зарамнето плато, кое зафаќа поголема површина, каде се гледаат темели од објекти и многу грамади од кршен камен. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Неколку питоси се чуваат кај сопствениците на нивите.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кале — градиште од доцноантичко време; Во Селото — населба и некропола од доцноантичко време; Св. Богородица — црква од средниот век; Модриште; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Модриште