Дијабетес мелитус тип 2 (или дијабетес мелитус независен од инсулин (NIDDM), дијабетес кај возрасните) — метаболично нарушување што се одликува со висока крвна гликозаво контекст на отпорност на инсулин и релативна дефициенција на инсулин. Наспроти него е дијабетес мелитус, тип 1, каде што има апсолутна дефициенција на инсулин поради уништување на островски клетки во панкреасот. Класични симптоми сепрекумерна жед, често мокрење и постојан глад. Дијабетесот од тип 2 го има кај 90 % од случаите на дијабетес, а другите 10 % се должат на дијабетес мелитус, тип 1 и гестациски дијабетес. Се смета дека примарна причина за дијабетесот од тип 2 кај луѓето со генетски предиспозиции е дебелината .
Дијабетесот од тип 2 првично се лекува со зголемување на вежби и со измени во исхраната. Ако нивото на гликоза во крвта не се спушти со овие мерки, потребни се лекови како метформин или инсулин. Кај луѓето што примаат инсулин обично се потребни рутински проверки на нивото на шеќер во крвта.
Стапките на дијабетес значително се зголемени во однос на дебелината во изминатите 50 години. Од 2010 г. има речиси 285 милиони заболени, во споредба со речиси 30 милиони во 1985 година. Долгорочни компликации од висок шеќер во крвта се срцеви заболувања, удари, дијабетесна ретинопатија каде што се напаѓа видот, проблем со бубрезите за кој можно е да биде потребна дијализа, како и лоша циркулација во екстремитетите што може да доведе до ампутирање. Акутната компликација на кетоацидоза, особина на дијабетес од тип 1, не е позната. Меѓутоа, може да се јави некетотична хиперосмоларна кома.
Знаци и симптоми thumb|upright=1.8||Преглед на најзначајните симптоми на дијабетес. Класичните симптоми на дијабетес се полиурија (често мокрење), полидипсија (зголемена жед), полифагија (зголемен глад) и губење на тежината. Други симптоми што обично се присутни при воспоставување на дијагнозата се: историја на замаглен вид, чешање, периферна невропатија, повторливи вагинални инфекции и умор. Меѓутоа, многумина немаат симптоми во првите неколку години и кај нив дијагнозата се воспоставува при рутински испитувања.Кај болните од дијабетес мелитус, тип 2, ретко може да се појави некетотичка хиперосмоларна кома (болест со многу покачен шеќер во крвта, што се поврзува со намалена свесност и низок крвен притисок).
Компликации Дијабетесот од тип 2 обично е хронична болест што се поврзува со скратување на животот од десет години. Ова делумно се должи на повеќето компликации со коишто се поврзува: два до четирикратни зголемен ризик од срцеви заболувања, како исхемична срцева болест и удар, 20 кратно поголеми шанси за ампутација на долните екстремитети и позачестена хоспитализација. Во развиениот свет и сѐ повеќе на другите места, дијабетесот, тип 2 е најчестата причина за нетрауматско слепило и нарушување на бубрезите. Се поврзува и со зголемен ризик од когнитивна дисфункција и деменција преку болести како Алцхајмерова болест и ваксуларна деменција. Други компликации се: акантосис нигриканс, сексуална дисфункција и чести инфекции.
Причинител Развојот на дијабетес, тип 2, го предизвикува комбинација од генетски и фактори на животниот стил. Некои од факторите се по контрола на поединецот, како што се исхраната и дебелината, а други, како стареењето, женскиот род и генетиката, не се. Со дијабетесот, тип 2, се поврзува и деостигот на сон. Се верува дека ова си има ефект врз метаболизмот. И хранливиот статус на мајката за време на феталниот развој може да игра улога кај еден предложен механизам, изменета ДНК метилација.
Начин на живот Познато е дека за развој на типот 2 на дијабетес, важни се повеќе фактори од начинот на живот, како:дебелина (што се дефинира со индекс на телесна маса поголем од триесет), недостиг на физичка активност, лоша исхрана, стрес и урбанизација. Вишокот на телесни масти се поврзува со 30% од случаите кај поединци со кинеско и јапонско потекло, 60-80% од случаите кај оние со европско или африканско потекло, и 100% кај of народот Пима или тихоокеанските островјани. Оние што не се дебели често имаат висок сооднос струк–колк.
И прехранбените фактори влијаат врз ризикот од појава на тип 2 дијабетес. Прекумерната употреба на пијалаци засладени со шеќер се поврзува со зголемен ризик. Важен е и типот на масти во исхраната, а заситени масти и транс масни киселини го зголемуваат ризикот, додека полинезаситени и мононезаситени масти го намалуваат. Честото јадење на бел ориз, исто така е поврзан со зголемениот ризик. Недоволното вежбање предизвикува 7% од случаите.
Генетика Повеќето случаи на дијабетес вклучуваат многу гени, од кои секој придонесува за зголемена веројатност од дијабетесот тип 2. Доколку идентичниот близнак има дијабетес, шансите да се развие и кај другиот во текот на неговиот живот е поголем од 90%, додека стапката кај неидентичните близнаци е 25-50%. Во 2011 година е откриено дека над 36 гени придонесуваат за ризикот од тип 2 дијабетес. Сепак, сите овие гени заедно сочинуваат само 10% од вкупната наследливост на оваа болест.На пример, алелата TCF7L2 го зголемува ризикот од дијабетес за 1,5 пати и е најголем ризик за честите генетски варијанти. Повеќето гени поврзани со дијабетесот се вклучени во функциите на бета-клетките.
Има поголем број на ретки случаи на дијабетес, што се јавуваат поради абнормалност на еден ген (познати како облици на дијабетес поради моногенски или „други особени типови на дијабетес“). Тука спаѓаат, меѓу другите, напад на возрасен дијабетес кај млади (MODY), Донохјуов синдром и Рабсон-Менденхалов синдром. Нападот на возрасен дијабетес кај младите сочинува 1–5 % од сите случаи на дијабетес кај младите луѓе.
Здравствени состојби Име повеќе лекови и други здравствени проблеми што можат да предиспонираат дијабетес. Некои од лековите се: гликокортикоиди, тијазиди, бета-блокатори, атипични антипсихотици истатини. Оние што претходно имале гестациски дијабетес се изложени на поголем ризик од појава на тип 2 дијабетес. Други здравствени проблеми што се поврзани: акромегалија, Кушингов синдром, хипертиреоидизам,феохромацитом и одредени канцери, како гликагономи. Тестостеронскадефициенција, исто така, се поврзува со тип 2 дијабетес.
Патофизиологија Типот 2 на дијабетесот се должи на недоволно производство на инсулин во бета-клетките во услови на инсулинска отпорност. Инсулинската отпорност, што е неможност на клетките соодветно да одговорат на нормалното нивпо на инсулин, се јавува главно во мускулното, црнодробното и масното ткиво. Во црниот дроб инсулинот обично го потиснува ослободувањето на гликоза. Меѓутоа, во услови на инсулинска отпорност, црниот дроб несоодветно ослободува гликоза во крвта. Соодносот на инсулинска отпорност наспроти дисфункција на бета-клетки се разликува од еден до друг поединец и кај некои има примарна инсулинска отпорност и само мал дефект при лачењето на инсулин, а кај некои има мала инсулинска отпорност и примарен недостиг на лачење на инсулинот.
Други важни механизми што потенцијално се поврзуваат со тип 2 дијабетес и инсулинска отпорност се: зголемено разложување на липиди во масните клетки, отпорност на инкретин и негов недостиг, високо ниво на гликагон во крвта, зголемено задржување на сол и вода во бубрезите и несоодветно регулирање на метаболизмот од страна на централниот нервен систем. Меѓутоа, не сите луѓе со инсулинска отпорност заболуваат од дијабетес, затоа што е потребно и нарушено лачење на инсулин во панкреасните бета-клетки.
Дијагноза Дефиницијата на Светската здравствена организација за дијабетес (тип 1 и тип 2) е за еднократно забележано зголемување на гликозата со симптоми, или на друг начин зголемени вредности во два наврати, на: гликоза во крвната плазма за време на строг пост ≥ 7,0 mmol/l (126 mg/dl) или со тест за толеранција на гликоза, два часа по оралната доза гликоза во крвната плазам ≥ 11,1 mmol/l (200 mg/dl) Шеќер во крвта при случаен преглед повисок од 11,1 mmol/l (200 mg/dL) заедно со типични симптоми или хемоглобин А1с (HbA1c) повисок од 6,5% е друг метод за дијагностицирање дијабетес. Во 2009 г. Меѓународната експертска комисија во која беа вклучени претставници на Американското здружение за дијабетес (ADA), Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) и Европското здружение за истражувања за дијабетес (EASD) препорача дека при дијагностицирањето дијабетес треба да се користи праг ≥6,5% на HbA1c. Оваа препорака беше усвоена од Американското здружение за дијабетес во 2010 година. Позитивните тестови треба да се повторат ако лицето нема типични симптоми и шеќер во крвта >11,1 mmol/l (>200 mg/dl).
Праговите за дијагноза на дијабетес се засноваат врз односот помеѓу резултатите од тестовите за толеранција на гликоза, гликозата за време на строг пост или HbA1c и компликациите како на пример ретинални проблеми. Мерењето на шеќерот по строг пост или при случаен преглед се претпочитаат пред тестот за толеранција на гликоза, бидејќи тие се попогодни за луѓето. Предност на HbA1c е што не е потребен пост, а резултатите се постабилни, но негативна страна е тоа што тестот е поскап отколку мерењето на гликозата во крвта. Се проценува дека 20% од луѓето со дијабетес во Соединетите Американски Држави не сфаќаат дека се заболени.
Дијабетес мелитус тип 2 се одликува со високо ниво на гликоза во крвта во контекст на отпорност на инсулин и релативен недостаток на инсулин. Ова е спротивно на дијабетес мелитус тип 2 кај кој има апсолутен недостаток на инсулин поради уништување на клетки од островчиња во панкреасот и гестациски дијабетес мелитус којшто е нова појава на висок крвен шеќер поврзан со бременоста. Дијабетес тип 1 и тип 2 може обично да се разликуваат врз основа на претставените околности. Ако постои сомнеж при дијагнозата, тестирањето на антителата може да биде корисно за да се потврди дијабетес тип 1, а нивоата на C-пептид може да бидат корисни за да се потврди дијабетес тип 2.
Преглед Ниедна поголема организација не препорачува универзален преглед за дијабетес, бидејќи не постојат докази дека таквата програма би ги подобрила резултатите. Преглед се препорачува од страна на Работната група за превентивни услуги на Соединетите Американски Држави кај возрасни лица без симптоми чиј крвен притисок е повисок од 135/80 mmHg. За оние чиј крвен притисок е понизок, не постојат доволно докази за да се препорача или да не се препорача преглед. Светската здравствена организација препорачува тестирање само на оние групи кај кои постои висок ризик. Високоризични групи во САД се: лицата над 45 години, оние коишто имаат роднина од прво колено кој има дијабетес, некои етнички групи вклучувајќи ги Хиспаноамериканците, Афроамериканците и домородните Американци, лица со историја на гестациски дијабетес,синдром на полицистични јајници, прекумерна тежина и услови поврзани со метаболички синдром.
Превенција Појавата на дијабетес тип 2 може да се одложи или спречи со правилна исхрана и редовно вежбање. Интензивните мерки што се однесуваат на начинот на живеење може да го намалат ризикот за повеќе од 50%. Придобивките од вежбањето се појавуваат без разлика на првичната тежина на лицето или подоцнежното слабеење. Меѓутоа, доказите за придобивката од промените во начинот на исхрана се ограничени, со тоа што постојат некои докази за начин на исхрана богата со зелен листест зеленчук и некои за ограничување на консумирањето зашеќерени пијалаци. Кај оние со нарушена толеранција на гликоза, посебниот начин на исхрана и вежбањето или одделно или во комбинација со метформин или акарбоза може да го намали ризикот од развивање дијабетес. Интервенциите во начинот на живеење се поефективни отколку метформинот.
Справување