Брест — археолошко наоѓалиште во поречкото село Црешнево. Претставува населба, црква и некропола од римско време. Се наоѓа во непосредна близина на маалото Старовци — каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, ќерамиди, а при обработувањето на земјата жителите откриле темели од објекти. На највисоката точка на наоѓалиштето има урнатини од црква, а околу неа делови од капители, колони, бази и др. Откопани се повеќе питоси и монети кои се наоѓаат кај месен жител.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Камен Дол — населба и некропола од доцноантичко време; Минојца — некропола од римско време; Црешнево; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Црешнево (Порече) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква