Чеканчето () е едно од трите слушни ковчиња што се наоѓаат во тапанската празнина на средното уво. Делови На чеканчето се разликуваат: глава; врат; странична апофиза; горна апофиза; рачка што се поврзува со слушното тапанче. Големина и поврзување Чеканчето како и другите две коски се најмалите коски во човековото тело и тие ја имаат целосната големина уште кога се раѓаме; чеканчето е поврзано со другите две ковчиња со помош на два подвижни зглоба, кои се меѓусебно поврзани и даваат огромна подвижност со мала загуба на енергија при преносот на звукот до внатрешното уво, движењата ги вршат два мали мускули; Слушен механизам Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам: звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето; ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец; треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот; треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот; откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец. Галерија
Надворешни врски
Категорија:Анатомија Категорија:Коски Категорија:Отологија