Општина Банско () — општина во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија. Седиште на општината е градот Банско. Општината има 8 населени места со вкупно население од 13.525 жители според проценка од 2024 година.

Географија мини|десно|280x280px|Карта на Општина Банско со населените места мини|280x280пкс|Поглед на градот Банско во 2017 година. мини|280x280пкс|Зградата на општинскиот совет во 2007 година. Општината зафаќа дел од источната половина на Благоевградската област и со својата површина од 475,88 км2 се рангира на 6-то место меѓу 14-те општини на областа, што претставува 7,38% од површината на областа. Се граничи со 6 други општини: на север со Општина Мехомија и Општина Белица; на запад со Општина Кресна; на југозапад со Општина Свети Врач; на југ со Општина Неврокоп; на југоисток со Општина Грмен, а на исток со Општина Велинград од Пазарџичката област.

Релјефот на општината е многу разновиден. Нејзиниот северен дел ја зафаќа јужната половина од Разлошката котлина, југозападниот дел опфаќа големи делови од планината Пирин, а источниот дел се протега на северозападните делови од Доспат, најзападниот дел на големиот планински венец Родопи. Во овие граници, надморската височина варира од 600 метри по течението на реката Места во атарот на селото Кремен до 2.914 метри на врвот Вихрен на Пирин планина.

Во источниот дел од општината, од север кон југ, тече дел од реката Места со нејзините притоки: Дисилица (десна), Ретиже (десна) и други. Во јужниот дел се наоѓа горниот (северен) дел од Момина Клисура на реката Места.

Историја

На 14 август 1934 година, селото Густун е преименувано во село Гостун. На 5 февруари 1965, Обидимски Ханови е прогласено за село со име Места. 4 јануари 1966, селото Добриништа е преименувано во село Добриниште. 20 октомври 2006, селото Добриништа е проласено за град.

Населени места Општината има вкупно 8 населени места, од кои 2 града и 6 села. Список на населени места, подредени по азбучен ред, население и површина на нивните земјишта (името во заграда е сегашното, сменето од бугарската држава): +Населено местоНаселение (2021)Површина (км2)Банско9.062148,28Гостун4052,42Добриништа (Добриниште)2.63180,35Кремен11661,86Места197—Обидим6064,96Осеново3552,83Филипово58115,15Вкупно12.722475,88

Демографија

Етнички состав На табелите е прикажан националниот состав на населението во општината, според пописот од 2011 година (подредени според големината на населението): Населено местоЕтничка припадностВкупноБугариТурциРомиДругиНе се самоопределилеНе одговорилеБанско9.0198.20831963221559Добриништа (Добриниште)2.8362.510/31//288Филипово61555310//448Места242239////1Кремен205185//173/Обидим8484/////Осеново7878/////Гостун4646/////

Населено местоЕтничка припадност (%)ВкупноБугариТурциРомиДругиНе се самоопределилеНе одговорилеБанско100,0091,000,032,170,350,236,19Добриништа (Добриниште)100,0088,50/1,09//10,15Филипово100,0089,911,62//0,657,80Места100,0098,76////0,41Кремен100,0090,24//8,291,46/Обидим100,00100,00/////Осеново100,00100,00/////Гостун100,00100,00///// Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Вероисповед Според последниот бугарски попис од 2011 година, религиозниот состав, меѓу оние кои одговориле на опционалното прашање за религиозна идентификација, бил следниот: Населено местоБрој%Православни9,79774.64Католици200.15Протестанти1991.51Муслимани4873.71Друго80.06Нема1090.83Не е самоидентификуван2692.04Непознато223617.03Вкупно13,125100.00

Транспорт и инфраструктура Низ Разлошката котлина поминува последната делница од теснолиниската железничка пруга Септември – Добриништа (од км 115,8 до км 125,0).

Низ општината поминуваат и делови од 3 републички патишта со вкупна должина од 35,6 км: Републичкиот пат II-19 – 31,8 км, Републичкиот пат III-1901 – 2,3 км и Републичкиот пат III-1903 – 1,5 км.

Наводи

Категорија:Општини во Пиринска Македонија Категорија:Општини во областа Благоевград