Сенад Лулиќ (роден на 18 јануари 1986, во Мостар) — поранешен босанскохерцеговачки фудбалер, играч од средниот ред или одбраната.http://www.sarajevo-x.com/sport/nogomet/clanak/110616130
Биографија Лулиќ е роден во Мостар, но тој поголемиот дел од детството го поминал во Јабланица.= 6627 Спорт Центар Подоцна тој се преселил во Швајцарија заради војната во Босна, каде и ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Шур 97.
Технички карактеристики Лулиќ настапува на позицијата лево крило, иако со текот на годините повремено по потреба играл и како лев бек. Тој е неуморен играч кој без разлика на позицијата на која игра е активен и на двете страни од теренот: се приклучува во нападот, а се враќа да помогне и во одбраната. Тој претпочита да игра на левата страна и покрај тоа што е природен деснак. Неговите специјалности се центаршутевите и издржливоста, како и тактичката флексибилност, секогаш ставајќи се во опција за тимот, без разлика на која позиција да му биде одредено да игра.Фантакалчо Лацио, го откриваме Сенад Лулиќ: новото крило на Лацио fantamania.blogosfere.it
Клупска кариера Годините поминати во Швајцарија Откако ги поминал младинските категории Лулиќ го направи своето професионално деби за Шур 97 во третата швајцарска лига во сезоната 2003-04.
Во летото 2006 тој направил трансфер во Белинцона, каде што тренер бил Владимир Петковиќ со кој ќе соработува и подоцна во својата кариера во Лацио. Тој дебитирал за новиот клуб на 28 јули 2006, во поразот на гостувањето кај Ксамакс со 3-0.Ксамакс-Белинцона 3-0 28 јули 2006 Следната сезона (2007-09) тој бил еден од најплодните стрелци на клубот постигнувајќи 10 гола со кој им помогнал на Белинцона да се вратат во Супер лигата, но за него тоа била последна сезона во клубот бидејќи му се приклучил на Грасхопер следното лето.Официјално: Грасхопер, го купи Лулиќ Tuttomercatoweb.com
Лулиќ дебитирал за Грасхопер на 23 јули 2008, во натпреварот против Базел што завршил 1-0 (за Базел).Базел-Грасхопер 1-0 23 јули 2008 По две сезони во кој не успеал да дојде до трофеј, тој потпишал за Јанг Бојс на 17 мај 2010, друг клуб од Супер лигата. Играјќи за нив тој исто така дебитирал во Лигата на шампионите, каде Јанг Бојс бил елиминиран во последната рунда квалификации од Тотенхем, а подоцна и во Лига Европа. Во својата единствена во тимот од Берн, тој постигнал 6 гола во 31 настап во првенството и 3 гола во 11 натпревари во европските турнири.
Лацио На 16 јуни 2011, италијанската екипа Лацио потврдиле дека го комплетирале трансферот на Лулиќ од Јанг Бојс за 3.000.000 евра.Сенад Лулиќ му се приклучува на Лацио од Јанг Бојс Goal.com На 18 август 2011 тој го направил своето деби влегувајќи како замена во натпреварот Лацио-Работнички (победа на домаќините 6-0) од Лигата на Европа. На 9 септември 2011 Лулиќ го направил своето деби во Серија А влегувајќи во второто полувреме во натпреварот против Милан (завршил 2-2), на местото на Стефано Маури. На 23 октомври 2011 година го постигнал неговиот прв гол во дресот на бјанкочелестите против Болоња, при победата на неговиот тим со 2-0 на гости.Дефанзивецот на Лацио, автор на голот за 2-0, подобрува ефикасноста на Лацио. Fastweb.it Тој бил стрелец на вториот гол во 48-ата минута од натпреварот. Две недели подоцна, Лулиќ повторно бил стрелец за Лацио на гостувањата, овојпат го постигнал првиот погодок во 39-тата минута во убедливата победа против Каљари со 3-0. На 18 декември 2011 година го постигнува својот прв гол на Олимпико, израмнувајќи на 1-1 во натпревар што Лацио го играл со Удинезе кој на крајот завршил 2-2.
На 24 февруари 2013 во текот на домаќинската победа против Пескара, Лулиќ постигнал прекрасен погодок со шут со десната нога од 20-тина метри со кој ги поставил конечните 2-0, тоа бил првиот негов гол во втора сезона со Лацио. На 26 мај 2013, тој го постигнал одлучувачкиот гол во 71-ата минута од финалето на италијанскиот куп против градскиот соперник Рома, носејќи му ја шестата титула на Лацио во ова натпреварување.
На 18 август 2013, Лулиќ бил стартер и го одиграл целиот натпревар за Лацио во поразот од Јувентус во Суперкупот со 4-0.Јувентус 4-0 Лацио soccerway.com
Репрезентативна кариера Лулиќ дебитирал за репрезентацијата на Босна и Херцеговина во 2008 година против Азербејџан, кога сите стандардни репрезентативци го бојкотирале тој натпревар заради изненадната смена на селекторот Мехо Кодро. По тој натпревар веќе не добивал повик во репрезентацијата сè до август 2010 година, кога селекторот Сафет Сушиќ повторно го повикува во репрезентацијата. Од тогаш тој е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина. Својот прв index.hr/sport репрезентативен погодок го постигнал во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2014 година во Бразил против Латвија, одиграна на 7 јуни 2013 година.
Хронологија на репрезентативни настапи и голови
Титули Лацио Куп на Италија : 2012-13
Наводи
Надворешни врски Сенад Лулиќ на Transfermarktu Сенад Лулиќ на Goal.com Сенад Лулиќ на espn Сенад Лулиќ на whosocered
Категорија:Босански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Грасхопер Категорија:Фудбалери на ФК Јанг Бојс Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Родени во 1986 година