мини|Езерото Кари

Езерото Кари (ерм.: Քարի լիճ, Кари лич) — планинско ледничко езеро во Ерменија (во областа Арагацотн), сместено на врвовите на планината Арагац. Се наоѓа на надморска височина од 3,207 метри и е опкружено со планински врвови. Вкупната површина на езерото изнесува околу 30 хектари, должината на бреговата линија е 1,160 метри, а зафатнината 357,000 м3. Максималната длабочина на езерото е 8 метри. Во зима езерото е заледено и прекриено со снег.-{Karén Jenderedjian: Wetlands in Armenia – their values and threats and their contribution to sustainable development and poverty alleviation.}-

На источните брегови на езерото се наоѓа метеоролошка станица, а од езерото води асфалтиран пат кон југ кој води до Бјураканската опсерваторија.

За време на квартарните глацијации највисоките планински врвови во Ерменија биле покриени со дебели ледени покривки чие топење (кое започнало пред 9,000 година) ја дало денешната форма на релјефот во планинските подрачја. Еден од тие леднички облици на релјеф е впрочем езерото Кари на планината Арагац.

Поврзано Реки и езера во Ерменија Арагац Арагацотн

Наводи

Надворешни врски

Природата во Ерменија - Гора Арагац

Категорија:Езера во Ерменија