Никарагва () — најголемото езеро во Средна Америка. Се наоѓа во југозападниот дел на Никарагва. Поврзано е со езерото Манагва на север. Зафаќа површина од .
Најголем остров во езерото е Ометепе со два вулкани, втор најголем е Запатера на север, додека на југ се наоѓаат Солентинамските острови. Покрај нив, тука се наоѓаат и околу 400 островчиња.
Реката Сан Хуан истекува од езерото и се влева во Карпиското Море. На тој начин помалите бродови од Атлантикот можат да пловат до пристаништата на неговиот брег. Историските записи говорат дека карипските пирати трипати го напаѓале градот Гранада на брегот на езерото Никарагва.
На езерото Никарагва владее жив соораќај кој ги поврзува неговите брегови. Веќе подолго од век постоеле планови езерото Никарагва и реката Сан Хуан да се искористат за изградба на канал помеѓу Атлантикот и Тихиот Океан (таканаречен Никарагвански Канал).
Многу морски видови на риба можат да допливаат и опстанат во слатководното езеро Никарагва, како што се сабјарката и ајкулата. Езерото денес е прилично загадено.
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Езера во Никарагва