Ова е статија за археолошкото наоѓалиште. За самиот остров видете Голем Град

Голем Град — археолошко наоѓалиште на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Претставува населба од неолитско, хеленистичко и римско време, црква и некропола од римско време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и претставува природна тврдина со висина од 30 метри над нивото на езерската вода.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Истражувања Уште во 1898 година П. Н. Миљуков го посетил островот и ги регистрирал фреските во црквите „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“, денес урната. Ископувања се изведени во 1967/68 година, потоа од 1980 до 1990 година, при што се откриени неолитски артефакти, темели од станбени објекти од хеленистичкото и римското време, основи од две старохристијански еднокорабни цркви, една црква од средниот век (Св. Димитрија), една цистерна од римското време и 102 гроба од римскиот и средновековниот период (II до XIV век) без прекин. Ѕидовите на црквите биле прекриени со фрески, а подовите спорадично со мозаици. Накитот од гробовите е изработуван од бронза, сребро, јантар, стаклена паста и злато. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен. Најотпрвин со истражувањата се пронајдени ѕидини на северниот и јужниот дел на островот, кои ја зацврстиле позицијата на островот а исто и биле пронајдени 2 хеленистички куќи, 5 римски куќи, римски некрополи како и од средниот век, цистерна, 2 ранохристијански цркви и други предмети. Во првата од хеленистичките куќи биле пронајдени многубројни и разни видови на керамика, додека пак во втората скршеници од кровна ќерамида, глина, керамички садови и 2 монети на Филип V, според гореници присутни во втората куќа се заклучило дека имало пожар поради што брзо се напуштила куќата.Голем град Преспа, Вера Битракова Грозданова, Скопје 2011, ISBN 608-65066-5-5

Објекти Црква „Св. Петар“ Црква „Св. Димитрија“ Црква „Св. Никола“ Црква од 14 век Базилика од V век Базилика 1 од V-VI век Базилика 2 од V-VI век Хеленистичка куќа Римска куќа Римска куќа 1 од IV век Римска куќа 2 од IV век Римска цистерна

Поврзано Бљудо — населба, црква и некропола од средниот век; Коњско — депо на монети од средниот век; Старо Село — црква и некропола од средниот век; Коњско; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Коњско (Ресенско) Категорија:Голем Град Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од средниот век Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола Категорија:Древномакедонски гробници