Кули — археолошко наоѓалиште во преспанското село Курбиново. Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на околу 600 м југоисточно од селото, покрај патот за црквата „Св. Ѓорѓи“, каде по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегови со различна форма и друго. Во 1967 година се извршени заштитни археолошки ископувања при што се откриени темели од објекти, слабо зачувани, и тоа како еден ред ѕидарија. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — тврдина од средниот век; Курбиново — населба од римско и доцноантичко време; Рекиње — топилница од доцноантичко време; Рајчинец — населба од средниот век; Каштино — населба и топилница од доцноантичко време; Св. Атанасиј — црква од средниот век; Св. Ѓорѓи — некропола од средниот век; Св. Крстовден — базилика од старо христијанско време; Курбиново; Список на археолошки наоѓалиштa во Ресенско;
Наводи
Категорија:Курбиново