thumb|300px|Фотографија од засолниште од воздушни напади во Северен Лондон, сликана од Брант во 1940 година Бил Брант (роден Херман Вилхелм Брант , Хамбург, Германија - , Лондон, Англија) — британски фотограф роден во Германија.
Во 1929 година работел во студиото на Мен Реј во Париз. Се вратил во Англија во 1931 година и почнал да се занимава со фоторепортерство документирајќи ги англиските индустриски работници во 30-тите години на 20 век и покривајќи го домашниот фронт за време на Втората светска војна. Неговата работа го открива влијанието на Јуџин Атгет, Брасаи и на Хенри Картие-Бресон. Најмногу е познат по своите фотографии од животот во Британија и особено по своите неконвенционални акти; ја ставал својата камера со широк агол блиску до човековото тело предизвикувајќи нарушеност што го претворала човековото тело во серија апстрактни форми.
Надворешни врски Архивата на Бил Брант – биографија и слики. Бил Брант на Институтот за уметност на Чикаго
Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Категорија:Англиски фотографи