Љубиша Георгиевски (30 мај 1937, Битола - 6 декември 2018, Скопје) — македонски театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот, политичар, и професор по театарска режија и глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Кариера Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група Театар и радио режија, во Белград, 1974.
Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас, тој предавал теорија на театарот и глумечка игра. Неговите претстави биле играни на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.
Зборувал англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служел и со словенечки, полски и романски.
Има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма: „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Републиката во пламен“ (1969), „Цената на градот“ (1970).
Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
Библиографија Георгиевски е автор на книгите: „Свет и сон“ „Онтологија на театарот“ „Феноменологија на театарот“ „Технологија на судбината“ „Вежби по актерско мајсторство“ „Политичката иднина на Македонија“ „Претседателски кандидат“ Драмите: „Филоктет“, и „Армагедон“
Награди Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.
Добитник е на бројни награди за режија. Наградата „11 Октомври“ (1981), Наградата на Здружението на драмските уметници во СРМ (1962), „Војдан Чернодрински“ (1965, 1990, 1994), „Стерја“ (1965, 1981), „Златен венец“ на МЕС Сараево (1969, 1974, 1976, 1977, 1978), Награда на Зружението на театарските работници на БиХ (1972), „Јоаким Вуиќ“ (1974).
Други награди „4 Ноември“ на градот Битола (2012) Орден „Стара планина“ 1 степен (Бугарија) (2004)
Политичка кариера На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Бил амбасадор и ја претставува Република Македонија во: Бугарија (од 2000 до 2004) и Србија (од 2009 до 2013)
Бил претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).
Наводи
Категорија:Политичари од Битола Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски драмски автори Категорија:Македонски филмси режисери Категорија:Македонски театарски режисери Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Амбасадори на Македонија во Бугарија Категорија:Амбасадори на Македонија во Србија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Професори на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет