Рефлексологијата претставува стара холистичка терапија што се темели врз стимулирање на рефлексните точки кои се наоѓаат во стапалата. Предности Рефлексологијата е одлична за телото, умот и духот, посебно во период кога е зголемено нивото на стрес. Рефлексологијата опушта, смирува и го потикнува телото да се ослободи од токсините и нечистотиите, исто така ја подобрува и циркулацијата во телото. Рефлексологијата има моќ да го подобри нивото на енергија со што предизвикува ослободување од стресот и напнатоста.

Третмани со рефлексологија Некои болести и состојби може да бараат повеќе третмани и затоа не може да се очекува подобрување веднаш после првиот третман, потребни се околу шест третмани за да се забележат значајни промени. Третманите започнуваат со нежно чистење на стапалата и глуждовите, а потоа започнува и самата масажа проследена со многу техники на масирање, со цел да се ослободи блокираната енергија и природните лековити моќи на телото. После секој третман препорачливо е пиење на големи количества вода за телото да може да се ослободи од токсините и да се намали ризикот од појава на блага главоболка и замор. мини|десно|Пример на шема за рефлексологија на рака. Како помага рефлексологијата? Рефлексологијата делува превентивно, но може да ублажи или излечи состојби како: несоница; висок крвен притисок; мигрена, главоболка и хронично воспаление на синусите; нарушувања во дигестивниот систем; болка во долниот дел од грбот, рамената и вратот; стрес и напнатост; симптоми на артритис; неплодност. Непрепорачлива Рефлексологијата никогаш не претставува замена за медицинската терапија, но сепак постигнувањето рамнотежа во телото може да го подобри човечкото здравје. Не се препорачува правење третмани при: заразна болест; длабока венска тромбоза; гангрена; рак на крвта или коските.