Смаилица — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Агларци. Претставува населба и некропола од среден век. Се наоѓа на 1 км северно од селото, каде во нива на месен жител, при обработувањето на земјата биле откриени керамички садови и ѕидови градени од камен и кал. Исто така, била откриена и плоча на која имало врежан крст.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба Гробишта — населба од бронзено време; Тумба — некропола од средниот век; Долна Тумба — населба од неолитско време; Долно Агларци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско.
Наводи
Категорија:Долно Агларци