Бартер Ој (; буквално „бартски остров“) — ненаселен остров, кој припаѓа на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија и се наоѓа во Бартскиот Залив (Barther Bodden), помеѓу градот Барт и балтичкото приморско одморалиште Цингст.

Островот во Балтичкото Море има површина од околу 850 на 800 метри и се издигнува, како соседниот остров Кир, само еден метар над морето. Денес, островот е природен резерват во Националниот парк Западнопомерански лагуни.

Категорија:Цингст Категорија:Острови во Балтичкото Море Категорија:Природни резервати во Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Ненаселени острови во Германија Категорија:Острови во Мекленбург-Западна Померанија