Шуплевец — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од бакарно време. Се наоѓа на 2,5 км северно од селото, од левата страна на патот Битола-Маково, на издолжен рид со стрмни и тешко пристапни страни кои на северниот крај се издигаат благо кон ридот. Во 1958 и 1971 година се вршени сондажни (контролни) ископувања со кои е утврден културен слој со два хоризонта на живеење. Многубројниот археолошки материјал, особено керамичкиот, покажал дека се работи за остатоци од населба од бакарното време. Откривањето на населбата е големо дотолку што според неа, а и според населбата Бакарно Гумно во Прилепско, бакарното време во Пелагонија е издвоен како посебна културна група наречена Шуплевец-Бакарно Гумно. Ридот подолго време бил користен како каменолом со што населбата е целосно уништена. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Манастирец — базилика од старохристијанско време; Дибек — гробница од хеленистичко време; Ума — населба од доцноантичко време; Ѓорчева Воденица — населба од римско време; Бројанец — базилика од старохристијанско време; Тумба — населба од бронзено време; Бртви — населба од доцноантичко време; Туриграв — населба од доцноантичко време; Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време; Суводол; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Суводол (Битолско)