Нанга Парбат (урду: نانگا پربت) — планина во Пакистан, во ланецот Хималаи. Планината е една од вкупно четиринаесетте планини со над 8000 метри надморска височин, и со својата висина од 8126 метри претставува деветтата највисока планина во светот. Планината е трета по ред најсмртоносна планина во светот (зад Анапурна и К2) од каде што го добила прекарот „планина убиец“.8000ers.com - ALL 8000ers - ASCENTS vs FATALITIES Нанга Парбат е голем врв кој доминира над околните краеви.
Локација Планината, чие име од јазикот урду се преведува како „Гола планина“, нанга - од санскритскиот збор нагна (nagna, नग्न) што значи „гол“, и парбат од санскритскиот парбат (parvata पर्वत), „планина“, се наоѓа на крајниот западен дел на Хималаите, како најзападен врв со над 8000 метри надморска висина, јужно од реката Инд во пакистанското северно подрачје. Околу 150 километри североисточно се наоѓа ланецот Каракорум со втората највисока планина во светот К2.
Македонско искачување Прв Македонец којшто се искачил на Нанга Парбат е Сашко Кедев, на 2 јули 2023 година.
Поврзано Список на највисоки планини
Наводи
Категорија:Планини во Пакистан Категорија:Осумилјадници